(ВИДЕО) Две лица загинаа во хеликоптерската несреќа во Лондон
Две лица загинаа во хелокиптерската несреќа во централен Лондон. Хеликоптер се урна во близина на железничката станица во централниот дел на градот, јави Би-Би-Си. Пожарникарите добиле мноштво јавувања од граѓани дека хеликоптер удрил во кран кај станицата Воксхол и дека над реонот се крева облак од чад.
Очевидци изјавија за лондонските медиуми дека наеднаш слушнале силен удар, а потоа и експлозија, како последица на падот на леталото. Екслозијата е слушната во поголемиот дел од јужен Лондон, а чадот се гледа од сите страни на британскиот главен град.
На местото има возила за брза помош и полициски автомобили. Станицата е затворена. Хеликоптерот се забил во земјата, додека кранот за градба на високи згради е оштетен.
Лондонската полиција го потврди инцидентот, но засега не се знае причината за ударот на леталото во високиот кран.
Полицијата во првата изјава соопшти дека две лица загинале во несреќата, но не се знае колкумина имало во хеликоптерот, како и за тоа дали има настрадани на самото градилиштето.