17.01.2013, 15:28 Велија Рамковски бара ново судење
Адвокатите и блиските на Рамковски се надеваат дека нивните жалби ќе бидат усвоени
Во Апелациониот суд вчера почна јавната расправа, каде што се разгледуваат жалбите на осудените во случајот „Пајажина“. Поранешниот газда на телевизија А1, Велија Рамковски, и останатите обвинети бараат укинување на првостепената пресуда и повторно судење. Адвокатите и блиските на Рамковски се надеваат дека нивните жалби ќе бидат усвоени.
Во процесот „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми на „Перо Наков“ за затајување данок, перење пари, злосторничко здружување и измама на доверители. Во првостепената постапка, Рамковски доби казна затвор во траење од 13 години, а другите обвинети беа осудени на затворски казни од две до седум години. (Х.Р.) |