17.01.2013, 09:38 Грција загрижена да не остане во мрак
По продажбата на четирите албански ХЕЦ на турската компанија „Курум интерншнл“ грчките медиумите преплавени со написи за загриженоста на Грција да не остане во мрак, поради фактот што трафостаницата кај ХЕЦ „Бистрица1“ е директно поврзна со Грција.
- Грчките медиуми преполни се со критики поради преминување во рацете на Турците на значајни геостратешки и геполитички објекти во Северен Епир (вака Грците го нарекуваат југот на Албанија) посебно на ХЕЦ „Бистрица“, зашто од неа се врши дистирбуција на струја Албанија-Грција и се електирфицира еден голем дел од Грција, коментираат албанските медиуми.
Според грчките медиуми постои опасност во ова време на криза, Турција да ја прекине енергијата и цели региони во Грција да останат во мрак.
- Доколку оваа продажба се искомбинира и со продажб��та на други објекти од страна на турски компании, јасно е дека Грција е под невиден економски напад од Турција, која до максимум ја ползува грчката економска криза, констатирале грчките медиуми.
Инаку Турската компанија „Курум интерншнл“ стана сопственик на четири ХЕЦ во Албанија, за цена од 109,5 милиони евра. Оваа компанија ги купи ХЕЦ „Бистрица 1“, “Бистрица 2“ „ Улза“ и „Шкопет“, кои се со вкупна инсталирана моќност од 80 мегавати и со вкупно просечно годишно произвидство од 400-450 милиони киловат часови електрична енергија. (МИА) |