16.01.2013, 08:53 Штетите од Сенди ќе се санираат со 50,4 милијарди долари
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри 50,4 милијарди долари за жртвите од супер бурата Сенди.
Средствата се одобрени со 241 гласови „за“, додека 180 конгресени гласаа „против“.
Од вкупната сума 16,9 милијарди долари се настраданите во сојузните држави Њујорк, Њу Џерси и Конектикат. Останатиот дел од средствата - 33,5 милијарди долари ќе се финансираат проекти за обнова.
Во супер бурата, што го погоди источниот брег на САД на 29 октомври, загинаа 140 луѓе. |