15.01.2013, 15:16 Два дена крадел злато од златарница
СТРУМИЦА - Два дена, засега непознат крадец мирно извршил кражби од златарница во центарот на Струмица. Арамијата, во вечерните часови во саботата влегол во напуштената куќа во просториите над дуќанот. Успеал да направи отвор на таванот, кој бил од дрво и без проблеми се спуштил во златарницата. Таму, со погоден алат го отворил сефот од задната страна и го собрал целиот златен накит.
Иако крадецот оперирал скоро два дена, никој од соседите не забележал дека нешто се случува. Сопствениците вчера ги немаше во златарницата, кражбата ја забележале вчера, кога по поминатиот викенд го отвориле објектот. Истрагата е во тек. (Р.Т.)
|