22 „Оне“ најдобро комуницира со своите фанови на „Фејсбук“
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
16.01.2013, 18:01

„Оне“ најдобро комуницира со своите фанови на „Фејсбук“

Телекомуникацискиот оператор „Оне“ доби награда за социјално посветена компанија од светски најпознатиот сервис за фејсбук-аналитика, „Соушлбејкерс“.

Како што соопшти компанијата, наградата е доделена врз основа на податоците кои овој сервис ги обработил за третиот квартал од 2012 година.

Платформата за анализа на социјалните медиуми им овозможува на брендовите низ светот да го мерат успехот од нивните кампањи на социјалните медиуми, но и да го споредуваат со нивните конкуренти.

Наградата на „Оне“ се доделува за исклучителен перформанс во делот „комуникација со корисници” на фан-страницата на компанијата на „Фејсбук“. „Оне“ во третиот квартал од минатата година одговорил на повеќе од 90 отсто од сите поставени прашања, коментари и објави. Најголем процент од прашањата, дури 45 проценти, се одговорени во првите 10 минути.

„Тимот кој работи на социјалните медиуми, сме исклучително го��ди на оваа награда, дополнително и поради фактот што ’Оне‘ е единствениот локален бизнис-субјект кој го добива ова престижно признание. Социјалните медиуми одамна веќе не се ’нови медиуми‘. Тие се нужна потреба и најдобриот начин за транспарентна и интерактивна комуникација со корисниците“, вели генералниот извршен директор на компанијата, Цирил Кафол. (Ек.Р.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Претежно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -1°C

Недела
Делумно облачно
Макс: 12°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Маршот на Дрина“ во ОН ги навреди Бошњаците
Друштвото на иселеници од БиХ во САД тврди дека тоа е озлогласена и насилничка српска националистичка песна...
Уживам кога сум на сцена
Нина Дејан...
За „Роман на годината“ конкурираа 46 дела
Годинава во Редакцијата на „Утрински весник“ пристигнаа 15 романи повеќе од лани, што го отсликува зголемениот интерес, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |