16.01.2013, 14:09 Кени: Можни се важни одлуки за Македонија
Премиерот на Ирска истакна дека проширувањето е дел од приоритетите на ирското претседателство со Европската унија
Проширувањето е дел од приоритетите на ирското претседателство со Европската унија, истакна пред Европскиот парламент премиерот на Ирска Ендa Кени, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.
- Можни се важни одлуки за поранешната југословенска република Македонија, Србија, Албанија и Косово“, наглaси Кени, според кој ирското претседателство ќе води „кредибилна политика на проширување“.
Посочи дека еден од најважните денови во историјата на ЕУ е 1 мај 2004 кога ирското претседателство ги пречека 10 нови земји членки на ЕУ.
- Ние ќе го пречекаме хрватскиот народ за член на 1 јули годинава. За сите земји кои се ангажирани во процесот на преговори за членство и се наоѓаат во разни фази од преговорите, тие и ние имаме многу нешта за работа, рече ирскиот премиер
Во дискусијата која следуваше, проширувањето не беше третирано од европратениците, кои многу повеќе беа концентрирани на економската криза со која се соочува ЕУ.
На конференцијата за печат, на прашањето на дописникот на МИА, дали под кредибилната политика за проширување, може да се очекува и датум за почеток на преговори на Македонија со ЕУ во текот на ирското претседателство, премиерот Тишок Енди Кени одговри само дека за тоа ќе се разговара според извештајот на Европската комисија.
|