17.01.2013, 14:07 Меси ги претстави „Златните топки“, Малага ја изненади Барса
Аргентинецот беше стрелец на еден од двата гола со кои Барселона одигра само 2:2 во првиот натпревар од четврт-финалето на шпанскиот Куп
Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси пред синоќешниот куп-натпревар против Малага, на „Камп Ноу“ во Барселона, ги претстави освоените „Златни топки“ кои му беа доделени на изборите за најдобар фудбалер за 2009, 2010, 2011 и 2012 година.
Аргентинскиот интернационалец во дресот на Барса е единствениот кому досега му успеало четири пати да биде прогласуван за светски фудбалер број 1.
Токму Меси синоќа беше стрелец на еден од двата гола со кои Барселона одигра нерешено 2:2 против Малага во првиот натпревар од четврт-финалето на шпанскиот Куп.
Гостите до нерешен исход стигна со голот на Камачо во 90. минута, претходно гостите поведоа со голот на Итура (26 минута), а пресврт направија Меси и Пујол.
Без победник заврши и натпреварот помеѓу Сарагоса и Севиља, на чија клупа дебитираше новиот тренер Унаи Емери. На ‘Ла Ромареда’ Сарагоса и Севиља одиграа без голови.
Реванш натпреварите ќе се одиграат следната недела.
|