11.01.2013, 12:59 Никола Илиевски ќе ја почека промоцијата во Вардар
И покрај најавите дека денеска ќе биде промовиран во прв тренер на Вардар, некогашниот македонски селектор ќе почека ден или два да го официјализира договорот
Некогашниот македонски селектор Никола Илиевски кој денеска требаше да биде промовиран во прв тренер на фудбалскиот клуб Вардар, ќе почека ден или два да го официјализира договорот со актуелниот македонски шампион.
И покрај најавите дека „црвено-црните“ ќе го означат почетокот на подготовките за пролетниот дел и ќе го промовираат новиот тренер денеска на прес-конференција, тоа не се случи.
- Ги информираме медиумите ��ека денешната прес-конференција по повод стартот на подготовките за пролетниот дел од сезоната на ФК Вардар закажана за во 12 часот во просториите на ФК Вардар (Јужна трибина) на Национална арена „Филип Втори“ се одложува поради пролонгирање на терминот за старт на подготовките. За новиот термин на почетокот на подготовките, првиот собир и прес-конференција ќе ве информираме дополнително, стои во соопштението од клубот.
Досегашниот тренер на Вардар Боби Милевски, истакна дека е изненаден од одлуката за негова смена поради тоа што Вардар ја освои есенската титула и се пласира во полуфиналето од Националниот куп. |