26.12.2012, 17:07 Каролина - лице на новиот календар на „Пелистерка“
Со голема журка во клубот „Колосеум“ завчеравечер беше промовиран новиот календар на „Пелистерка“, правен под палката на Чедомир Поповски и неговата продукција „Блу танг ентертеинмент“. Каролина е главно лице на најновиот календар, каде што преку дванаесет ексклузивни и фасцинантни фотографии асоцира на менување на имиџот, ликот на компанијата„Пелистерка“, која прославува 60 години постоење.
„Годинашниот календар прави ретроспектива на нашиот развој, забележувајќи дека во секој период од своето постоење ’пелистерка‘ била убава, единствена и најдобра, и затоа како синоним оваа година заштитно лице на календарот на ’Пелистерка‘ е Каролина Гочева“, изјавија од компанијата. |