27.12.2012, 12:50 Фетел спортист на годината во Европа
За европска спортска личност на годината новинарите од 26 новински агенции го избраа трикратниот светски шампион во Формула 1
Новинарите од 26 новински агенции го избраа трикратниот светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел, за европска спортска личност на годината. Фетел победи во гласањето со вкупно 137 поени, седум повеќе од првиот Британец што победил на Тур де Франс, Бредли Вигинс. Трет е британскиот атлетичар Мохамед Фарах, освојувач на златните медали на 5.000 м и на 10.000 м на Олимпијадата во Лондон, кој собра 126 поени.
Годинашното 55. гласање беше организирано од полската новинска агенција ПАП. Таа соопшти дека победникот е селектиран во конкуренција на 73 спортисти во 31 дисциплина од 28 земји. Меѓу кандидатите 47 се мажи и 26 жени. |