21.12.2012, 14:43 Виланова успешно опериран
Тито в болница ќе остане најмалку пет дена, а потоа го очекува макотрпен процес на лечење и опоравување, радиотерапија и хемотерапија, што пак би можело да трае шест месеци
Тренерот на Барселона Тито Виланова е успешно опериран, туморот на паротидната жлезда целосно е отстранет.
Виланова в болница ќе остане најмалку пет дена, а потоа го очекува макотрпен процес на лечење и опоравување, радиотерапија и хемотерапија, што пак би можело да трае шест месеци.
Лекарскиот тим на Барселона верува дека нивниот стратег ќе се оправи за два месеци по што се очекува неговото враќање во тимот, до тогаш Каталонците ќе ги предводи заменикот Жорди Роура.
И покрај тоа што повторно минува тежок период Виланова најде време да ги охрабри своите играчи, фановите и сите оние кои што го поддржуваат. „Не треба да се грижите. Бидете уверени дека овојпат не е толку сериозно, цистата се наоѓа на друго место и затоа може полесно да се лечи. Не планирам долго време да отсуствувам од работа, брзо ќе се вратам на клупата на Барселона“, им порача Виланова.
Роналдо нема да се радува на „Олд Трафорд„
Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо се враќа на местот на успехот. Ждрепката за 8-финалето во Лига на Шампиони ги спои Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, а Португалецот за прв пат од заминувањето ќе игра на „Олд Трафорд“.
„Нема да славам доколку постигнам гол“, е првата изјава на Роналдо по ждрепката кој пред неколку месеци откри дека му недостасува Англија. „И понатаму ќе зборам за Фергусон. Ми недостасува исто како и Манчестер. Поминав одличен период, сите бевме како големо семејство. Благодарение на Манчестер уживам играјќи во Реал. Без нив немаше да станам играч како што сум денеска“, заврши Португалецот.
|