21.12.2012, 14:44 И Андреева објави повлекување
По најдобрата македонска ракометарка Јулија Николиќ, која тоа го стори на Европското првенство во Србија, десет дена подоцна и капитенот Тања Андреева објави повлекување од репрезентацијата. Таа тоа го најави уште пред заминувањето за Ниш, а сега реши одлуката да ја официјализира со писма за својата намера до Ракометната федерација на Македонија и до селекторот Гино Стрезовски.
„Мислам дека е доста и време е моето место да го отстапам на некоја помлада ракометарка“, го објасни својот потег 34-годишната голманка на Металург.
Последниот натпревар со Данска на ЕП беше 101. за Тања Андреева во македонскиот дрес. Дебитира во 1998 година, а капитенската лента ја носеше од 2009 година. Во професионалниот ракомет е веќе 18 години.(Р.Д.)
|