Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
27.12.2012, 16:44

Интервју - Нема да дозволиме насилство врз медиумите

Во Собранието се прекрши домашното и меѓународното законодавство. Практично, се случи цензура, бидејќи некој реши да им каже на новинарите што смеат да следат, а што не смеат, вели Насер Селмани, претседател на ЗНМ

Даниела Трпчевска


Спикерот Трајко Вељаноски неколку дена по немилиот настан во Собранието изрази жалење и уверување дека ќе открие кој стои зад наредбата за насилно отстранување на новинарите од собраниската галерија. Задоволни ли сте од одговорот на претседателот на Собранието по претставката која ја поднесовте до него?

Позитивно е што насилството против новинарите наиде на општа осуда во јавноста. Новинарите не дадоа ников повод собраниското обезбедување да се однесува кон нив така срамно. Особено што таквото постапување нема никаква правна основа. Добро е што премиерот и спикерот на Собранието се оградија од овој настан и изразија жалење. Но, не е доволно тоа. Ќе веруваме дека навистина жалат за тој немил настан, како што тие го оквалификуваа, кога одговорните институции ќе ги идентификуваат и ќе ги казнат виновниците.

Кога ќе ги добиеме одговорите од сите институции до кои поднесовме претставки, од спикерот на Собранието, МВР и од народниот правобранител, тогаш ќе ја процениме реакцијата на институциите и ќе се огласуваме во јавноста.



Вељаноски го посочи прстот кон собраниското обезбедување, со образложение дека бил нападнат и мерките биле преземени со цел да се избегне поголем инцидент. Како очевидец на инцидентите, можете ли да ни кажете што се случуваше, всушност, во понеделникот во Собранието?

Јасно е дека не постоеше ниедна разумна причина за однесувањето на собраниското обезбедување. Мислам дека тоа е јасно и ниеден разумен човек не може да го оправда тоа.

Тој ден во Собранието се прекрши домашното и меѓународното законодавство прифатено од Република Македонија, кои ја гарантираат слободата на изразувањето и правото на јавноста да биде информирана. Се прекрши член 16 од Уставот и член 10 од Европската конвенција за заштита на човековите парава и слободи. Практично се случи цензура, бидејќи некој реши да им каже на новинарите што смеат да следат, а што не смеат.



Дали досега се случил ваков преседан новинарите насилно да бидат отстранети од народниот дом и да бидат попречени во извршувањето на работните обврски?

Имало разни ситуации кога сме наишле на затворени врати и не ни било дозволено да следиме некој настан, меѓутоа ова е преседан кога новинарите сосила беа спречени во извршување на нивните професионални обврски.



Поднесовте претставки до сите надлежни институции, а го повикавте и МВР да покаже доблест и да се огради од своите припадници кои несовесно и неодговорно се однесуваа кон новинарите во Собранието. Очекувате ли дека ќе има санкции за одговорните?

За вакви тешки инциденти мора да се понесе одговорност, затоа што грубо беше прекршен Уставот и меѓународното право. Сега е времето кога треба да се повлече црвена линија дека такво однесување кон новинари не може да се толерира во демократска земја. Тоа мора да се случи, затоа што ако сега институциите ја испуштат можноста да го санкционираат таквото насилно однесување кон новинарите, ќе отворат пат да ги охрабрат насилниците во иднина порадикално да се пресметуваат со нив, со што може да се предизвикаат ненадоместливи последици.

Преголем е залогот институциите да останат неми на ваквото насилно однесување кон медиумите. Реакцијата на институциите ќе биде тест за демократските капацитети на институциите и за понатамошниот процес на интеграција во НАТО и во ЕУ. Верувам дека во сите институции преовладуваат професионалци и разумни луѓе кои ќе имаат доблест да се оградат и да го казнат насилството, не само заради правата и слободите на граѓаните, туку и заради имиџот и евроатлантската перспектива на земјата.



Испративте писма до меѓународните новинарски асоцијации и побаравте поддршка од нив. Кои се следните чекори што ќе ги преземе ЗНМ со цел да се стави крај на насилното однесување спрема новинарите?

Следните чекори ќе зависат од тоа како ќе се однесуваат институциите. Ако нема санкции за оние што наредија и за оние што користеа сила бесправно против новинарите, ќе бараме правда преку судот.



ЗНМ во меѓувреме донесе и одлука да ги прекине разговорите со Владата. Ќе опстоите ли на оваа одлука?

Во одлуката на Управниот одбор на ЗНМ јасно е потенцирано дека разговорите се прекинуваат „се' додека не се врати уставниот поредок во Македонија и извршителите и наредбодавците на ова срамно однесување не бидат откриени и казнети во согласност со законот“.



Дали ваквата одлука може да има негативни последици во моменти кога се подготвува новиот Закон за медиуми? Не се отвора ли на овој начин широк пат на Владата без Ваша контрола и увид, да ја донесе законската регулатива по сопствена мерка?

Може да значи, меѓутоа, не можеме да поминеме преку ова. Насилството мора да се осуди и да се казни. Ако немаме согласност за тоа со владините претставници, тогаш за што друго би разговарале.

Владата може да предложи таков закон и без консултации и без широка јавна расправа Собранието да го гласа, меѓутоа со тоа мислам дека ќе и' се запечати евроатлантската перспектива на земјата. Ако го сакаат тоа, нема проблем. Не можеме да ги спречиме во тоа. Одговорноста е нивна и тие ќе треба да им објаснат на своите гласачи зошто Македонија ќе остане надвор од НАТО и од ЕУ без сериозни перспективи за развој и подобра иднина.



Како новинар, каде ги доживеавте протестите пред Собранието и инцидентите во парламентот кога обезбедувањето насилно ги извлекуваше пратениците од салата, а Вие од страна бевте неми сведоци на сето тоа?

Лошо. Мислам дека ваквата ситуација најмалку и' одговара на власта, ниту на опозицијата, а уште помалку е во интерес на македонските граѓани. Политика на конфронтација не може да ја води земјата напред. Мора да сфатат дека соработката и меѓусебното почитување е клучот за решавање на сите проблеми.

Власта мора да покаже поголем респект кон предлозите на опозицијата. Не можете да очекувате од опозицијата да биде конструктивна ако мнозинството не прифаќа ниту еден нивен предлог во Собранието. Верувам дека ако се покаже поголем респект кон опозицијата, тогаш и тие ќе треба да бидат поумерени во своите настапи.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, оценува дека имало обид да се злоупотреби вчерашниот протест на новинарите-известувачи од Собранието.

„Пред да почне седницата, ги замолив колегите-известувачи од Собрание да изразиме протест за она што ни се случи пред неколку дена. Ги замолив на достоинствен и мирен начин да го изразиме нашиот протест. Таму имаше некои работи со кои не се согласуваме, затоа што сметаме дека тоа не е наш начин на изразување протест и незадоволство. Мислам дека имаше обид да се злоупотреби целата ситуација со која не се согласуваме“, изјави Селмани.

Тој смета дека ако некој сакал да се солидаризира, пристојно ќе беше да прашаат на каков начин треба да го изразиме револтот.

„Од реакцијата од известувачите од Собрание сфатив дека најголем дел од нив не се согласуваат со начинот како некои новинари-колеги кои не известуваат од Собранието ја злоупотребија целата ситуација“, оценува Селмани.


Статијата е прочитана 2733 пати.


Испрати коментар



Долгот кон фирмите бил 92 милиона евра
Опозицијата со граѓаните во парламент во природа
Волерс
(Не)дипломатски тон кон опозицијата
Шпионска афера со македонското име
Новинарите го исвиркаа Вељаноски
За големи историски настани се потребни вистински луѓе
Полемика на Кирил Божиновски и Андреј Петров за инцидентите



Bravo za Naser!, 28.12.2012 00:15:20
Stop na silata! Ostvaruvanje na pravata i pravdata po miren pat. Bravo za nashiot *Gandi*!
ФЕЛИКС, 28.12.2012 08:05:53
Едноставно искрен комплимент за однесувањето на г-дин Селмани.Од вакво однесување може многу да научат парламентарците во природа,како треба институциите да се почитуваат.Оти тие се вечни а оној кој управува со нив е на поминување низ нив по вољата на народот.Г-дине Селмани искрено ве подржувам во напорите да ја истерате правдата за галериската неправда врз новинарите од собраниското обезбедување.Исто така ви честитам на критиката упатена на вашите поедини колеги за недоличното користење на ситуацијата кога со протестот сакате да го покажете револтот.Но тука сте немоќни оти ние од снимките ги препознавме ,,уа-чите,,Тоа се дел од оние смоки медиумски опозициски одработувачи
Lucifer, 28.12.2012 08:11:07
Gospodine Selmani kako covek koj go razbira razumot kazete mi dali bese razumno da se stoi pred vratite na sobranieto i so sila da ne se dozvoli vleguvanje na pratenicite od pozicijata ili mozebi bese razumno grabanjeto na pretsedatelot na sobranieto i krsenje casi na negovoto mesto itn.Ili moze bese razumno da se odi svesno kon ostanatiot narod gazejki policajci?Za koj razum zborite vie?
ivan, 28.12.2012 09:08:26
Ste sakale da frlate po pratenicite so kameri i mikrofoni ste bile opoziciono nastroeni. Ete zatoa procenile deka treba da ve isvrlat od salata. Ova go kazaa sinoka Boneve i Dulic na edne televizija na koja se jade mnougu BUREK.Mozebi zatoa e takov voditelot (okrugol) se sto e premnougu nosi do posledici neli, zatoa ova neka go svati kako preporaka nikako kako zakana.
Колега, 28.12.2012 10:07:58
А што направи претседателот на сите новинари, кога неговиот колега од Охрид, беше влечкан (додуша само вербално - по медиуми), ама сеедно - бестијално, од тамошниот градоначалник???
од мене, 28.12.2012 10:57:11
E,moj makedonski narode! Neka vi e srekna Novata 2013 godina.I Gospod neka vi e na pomos.....znaete zosto se sluci seto ,,ova,, ?Seto ,,ova,, e odlicen faktor EU da kaze deka ne sme zreli za nea.Pa ,neli nekoj toa najmnogu go saka?Nekoj ne saka da cue nitu e od Evropa....
Баба Евда, 28.12.2012 11:51:56
Ќе ве тепаат Селмани , ќе ве тепаат!И ќе си трпите! Мислиш така лесно дунечето на баба ќе се откаже од „десетката“ со кромид? А и баба Дулиќ откри дека сте сакале и другото нокте да и го скршите , фрлајќи со камери!
Baba Zumbula, 28.12.2012 11:54:35
Teflonce Evdino, vie od snimkite prepoznavate?Pa zar ima nekade snimki?Mora da si gi gledal na Kanal 5,Sitel,MTV,ili kaj burekot,profesorot dr, i taka.Specijalni snimki.Vredi li voopsto da se diskutira za odnosot kon novinarite vo Ponedelnikot?A da ti preporacam kursevi za joga?Eve za tebe i za Lucifer da vidite od kogo ucese opozicijata, http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=eg7E95E8nVY. A poglednete malku reakcii na eks pretsedateli na sobranieto na web http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=6&clip=1419. Citam izjava na Fuere *nedostatok na demokratski standardi*,izjavite na ambasadorot na Svedska i ambasadorkata na Holandija,sliki koi go preplavija svetot.Ne racunavte vaka neli?A znam vi gori pod noze,drzavnata kasa e klimava,trebaat krediti za spomenici,fasadi(5 spomenici vo Centar,i fasada na EVN,sekako barokna) i veruvam da se dopolnat necii konta vo Kipar,Marsalski ostrovi..... A za doblesta na Naser sekoja cest.Se nadevam deka ke istrae do kraj.
pile, 28.12.2012 11:58:57
ZNM i site profesionalni novinari posle vakviot nedemokratski cin, so isfrlanje od Sobranieto bez nikoj zadolzjen za nivnata bezbednost i uslovi za neprecena rabota da bilo sto prevzeme tuku samo da slusaat licemerni izjavi za zjalenje za nastanot, a zemajki gi vo predvid dosegasnite sudski epilozi protiv sedmata sila i sekoj sto ke ja kritikuva vlasta na Gruevski i familijata, kako i znaejki deka im se podgotvuva Zakon za novinarstvo (neznaete da oddite pa da vi kazjat kako), ne smee poveke da dava tretman na vakviot odnos na Vlasta kako sopruga kon neverniot soprug,vo stilot pa i jas go prevariv da se pomirime.OTPOR,SEGA MU E MAJKATA
od usa, 28.12.2012 13:13:57
ox ivane ako na boneva silvana i poveryva za zalene si neja vo rodnoto mesto nee saka ti baras tocen odgovor od neja taja e beter od diktator i malce lici na takva a i filiks se stoe vamaro e dobro a opozecijata my smeta sega zastanete malce po razymetese pa posle pocnete so vasite isti glyposti zosto ni se smace od vas
Комплименти за коментарите на Баба Евда, 28.12.2012 13:54:44
Морам да признам дека со задоволство ги читам коментарите на Баба Евда, алијас Баба Ката од Секулицу, бидејќи се мошне духовити, куси, разумни и најчесто ја погодуваат сржта на проблемите во државата.
Загрижен пратеник, 28.12.2012 14:36:51
За да не дојде до несакани повреди на пратениците од залутани камери и микрофони, предлагам новинарите да се заградат со специјална мрежа на терасат. Така ќе бидат пратениците безбедни.
viki, 28.12.2012 19:10:26
Alo FELIKS, Abe dosta lomotis se protiv opozicijata! Daj malku vidi sto se slucuva okolu tebe i kaj tie do tebe. Zboruvas kako da samo ovie od opozicijata znaat kako se vodi drzavata, a site ostanati nemaat vrska so zivotot. Sram da ti e!
BHC, 28.12.2012 20:40:49
DO LUCIFER.Da da,se shto naveduvash nebeshe razumno.Megutoa,odgovor na nerazunnost so pogolema nerazumnost ne e razumnost.Toa e siledzistvo. Da se pokrie siledzistvoto,nepodobnite novinari bea isfrleni.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C

Вторник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (40)
Љубомората е посилна од љубовта.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Времеплов на оптимистот
Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе п��чнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ...
Ексклузивно - Готвам, значи постојам и сум сакана
Хрватката Ана Угарковиќ, авторка на готвачкото ТВ-шоу „Кај Ана“, е естет со префинет вкус за храна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |