27.12.2012, 16:49 (Не)дипломатски тон кон опозицијата
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, го оцени бојкотот на опозицијата како незрелост од која најмногу ќе профитира Грција
Слободанка Јовановска
„Почитувани пратеници“ - беа зборовите со кои Антонио Милошоски ја отвори расправата во Комисијата за надворешна политика - прв настан откако тие од опозицијата насилно беа исфрлени од парламентарната сала. Преполовени пратениците сепак жестоко дебатираа, за да покажат дека состојбата е редовна, при што ја повикаа опозицијата на зрелост и на заедничко работење, за да не губи државата во евроинтеграцијата. Главниот адут притоа беше дека Грција е таа на која ситуацијата во Македонија најмногу и' одговара, а шефот на дипломатијата Никола Попоски тоа го кажа најексплицитно, нагласувајќи дека единствена вест за Македонија што се пробила во грчките медиуми била токму најавата за блокада на парламентот.
„Првата забелешка што кој било независен набљудувач однадвор би ја имал во врска со ова прашање би била незрелост, односно неположување на тестот по однос на свеста дека во една демократија несогласувањата и проблемите се решаваат во рамките на институциите. Жалам што денеска нема претставници на опозицијата, бидејќи ова е форумот на кој треба да дадам отчет што направила извршната власт и што може да се направи за остварување на стартешките цели во идниот период меѓу извршната, законодавната власт и сите политички сили во државата“, одговори Попоски околу тоа како бојкотот ќе се одрази на нашето досие во ЕУ.
Според него, со ваков пристап губат сите, од аспект на дебатата во институциите, и од аспект на перцепцијата што се креира надвор, а добиваат оние кои имаат интерес да најдат изговор за неподдржување на таквите процеси.
„Не би го занемарил фактот што единствено оваа вест го привлече вниманието во грчката медиумска сфера, за ра��лика од какви било прекршувања на меѓународното право во изминатиот период. Единствена вест која се проби во Грција, а доаѓа од Македонија е токму најавениот бојкот и покажаната незрелост во таа дебата“, одговори Попоски на ова пригодно прашање. Овој видлив обид да се смени темата во јавноста тој и Милошоски го засилија со прогнозирања дали кипарскиот претседател би отишол попрво во Анкара отколку грчкиот лидер во Македонија, па како поверојатна дестинација се спомна и Антарктик. Силвана Бонева, пак, беше убедена дека инцидентите ќе се надминат и дека опозицијата ќе се врати во парламентот и сите заеднички ќе продолжат да работат во интерес на земјата.
„Јас останувам убедена дека тоа ќе се случи во периодот што е пред нас и дека самите нема да си правиме штета на себе. Останувам убедена дека сите заеднички ќе работиме во наредните три месеци за утврдување на преговарачката рамка и незагрозување на позициите на нашата земја за да добиеме датум за преговори“, порача таа, нагласувајќи дека не смее да се дозволи политичкиот критериум да стане повторно главен услов од ЕУ.
На Комисијата министерот Попоски ги презентираше активностите во надворешната политика годинава и плановите за идната, со две куриозитетни оцени - дека споделуваме „заеднички вредности“ со НАТО, па треба да добиеме членство и дека годинава било забележано „високо ниво на дијалог и успешна соработка со САД“, иако вестите во медиумите беа колкупати не' заобиколуваа нивните функционери. Притоа Попоски оцени дека не се остварени и натаму очекувањата дека Хашката пресуда ќе ни отвори можност за членство во НАТО, а дека бугарското јавно изразување несогласување околу препораката на ЕК за Македонија било изненадување и за нас и за меѓународниот фактор. „Преземаме конкретни чекори за унапредување на меѓусебните односи“, рече Попоски, додавајќи дека очекува во најскоро време тоа да резултира со упатува��е порака за поддршка од бугарска страна.
Околу можноста поради намалениот буџет МНР да затвори некоја амбасада, Попоски одговори дека тоа би била последната работа што би ја направиле, ако веќе мора по кастрењата на платите на дипломатите и на нивниот број надвор и по кратењето на трошоците што беа направени годинава. „Да, други земји го намалија бројот на амбасадите, но тие се членки на ЕУ и на НАТО. Ние тој успех не можеме да го постигнеме без да бидеме присутни надвор“, тврдеше тој, па соопшти дека идната година ќе отвориме и нова амбасада во Токио, зашто Јапонија не' признала под уставното име и е важна за економската дипломатија.
|
Статијата е прочитана 2254 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 28.12.2012 00:16:56 | Tocno e deka imame nezrela opozicija. Ova go veli minister koj postigna golem uspesi so koi sto ugledot i vlijanieto na Makedonija mnogu napredna odkako toj e vo funkcija. A mame i zrela vlada so koja Makedoniaj stana lider vo svetot po tepanje pratenici i novinari. |
| So koja pamet?, 28.12.2012 00:26:21 | Dali se ovie od DPMNE normalni? Pa da ovaka nekogo isfrlish od kuca, a da posle chekash da se vrati, mora da ne si pri zdrava pamet. Letvata na Todorov od 140 verovatno e spushtena na 70. Gospodo, ministri ste, premier i predsedatel, drzava vodite, ne ciganski panadjur. Stavete si prst na glava! |
| Bogomil(ec), 28.12.2012 00:57:43 | За политичката култура што ја имате, господине министер, изјавата ви е несоодветна. Зелено скината констатација. Како ниту еден од вас, не смогнавте сили и не почувствувавте потреба да бидете барем до некаде коректни. Зарем верувате дека овој народ е толку недоветен за да не го согледува поводот за една ваква реакција на опозицијата. Заслепеноста, забревтаноста и некритичноста на власта го испровоцира понеделничкиот гнев во редовите на опозицијата. Вам една така боса констатација не ви доликува. Во владејачката гарнитура побарајте ја вината за катастрофално лошите проекции на македонската реалност во светот. |
| Коста Стоименовски, 28.12.2012 08:16:59 | Една народна мудрост глси: „подобро да се спречи отколку да се лечи.“ Министрите за надврешни се оние кои треба однапред да ги пердвидуваат и да укажуваат на грешките, гафовите и глупостите кои можат да нанесат штета на меѓународната позиција на државата. Но, претходниот и актуелниот министер нити се способни за вакви анализи, ниту, пак, како беспоговорни полтрончиња имаат храброст тоа да му го кажат на нивниот умислен, самобендисан и инаетлив шеф! Пред 7 години А. Милошоски ветуваше „брда и долини“, односно „преродена“ дипломатија, а сега се покажа дека, поради „успешната“ политика на „преродбениците“, не само дипломатијата туку и целата држава се доведени на просјачки стап! Начинот на кој беше усвоен буџетот покажува дека Македонија може да вегетира само со постојано и прогресивно задолжување! Рекоа и „остваруваат!“ |
| amerigo, 28.12.2012 08:24:13 | ma sto ni kaza. grcija i bugarija ce napravat MAKEDONSKA SALATA vo brisel i ce ja pustat vo wc solja. e trebase pred toa da mislite. sto ce kazat onie od skandinavija ne sakam da pomislam. nego evo ti edna idea. posto ovie nema namera da se vratat/ne se tolku nesalglam/ togas VRATETE GI SO KOTEK. pa sto. pa posle koga ce treba da se glasa pak so kotek isfrlete gi. i taka ce promovirate nov nacina na EFIKASNA RABOTA na sobranie. |
| марко, 28.12.2012 08:24:22 | Во кои рамки на институциите го донесовте буџетот за 2013 година?
Не е страшно тоа што го видовме.Можеби беше и очекувано,по тоа што беше веќе видено пред А1 минатата година.
Страшно е тоа што го оправдувате таквиот чекор на власта. |
| Трајанка, 28.12.2012 08:42:28 | Ponedelnickite nastani se provocirani nekolku nedeli nanazad so intelektuano, kulturno, zrelo i dolicno na funkcijata odnesuvanje na pratenicite od opozicijata. Nikoj ne im dal mandat da unistuvaat raboti kupeni od narodni pari ... toa doma sigurno ne bi go napravile bidejki sami gi platile. Sekoja pozicija si pravi svoj bugjet spored svoite programi. Toj sto gubi i treba da se luti no ne na vakov nacin da ne kazam ludacki posto samo toa e zborot sto go opisuva odnesuvanjeto na pratenicite opozicioneri. |
| Gjorgji, 28.12.2012 09:04:06 | Кој ја води опозицијата, јасно е како ден дека работи спротивно од интересите на македонската држава. На неколку апели за национално единство, државникот не се надмина себеси да седне на маса со останатите политички субјекти од македонскиот блок и да прифати единствен став околу националниот интерес на Македонија. Токму затоа и народот со нетрпение чека што поскоро негово заминување од политичката сцена. |
| Na raat, 28.12.2012 10:07:30 | Gi isfrlija od Sobranieto, a sega ocekuvaat nivno prisustvo. Of lele, ne ovaa opozicija, tuku niedna opozicija veke nema da saka da vleze tamu ako e istata vlada vnatre, koj garantira deka nema da gi isfrlat ako ne im se dopadne nivnoto odnesuvanje, eventualna blokada na donesuvanje na nekoj zakon ili ete usvojuvanje na budzet. Osven toa, na vlasta niedna opozicija ne i cini, pa neka ja iskoristi ovaa prilika konecno da vladee sama. |
| Marjanco/R rr119590148MK, 28.12.2012 11:12:24 | Pred da se sluci bojkotot na Sojuzot za idninata,ima poveke klucni momenti vo nadvoresnata politika sto ja vodi Vladata na Gruevski so Poposki.Tie ne smeat da bidat zanemareni nitu od opozicija nitu od bilo koja Vlada.Megju koi se, izjavite na Premierot deka ,,vremenata spogodba e zjiva katastrofa kako i nemanjeto odgovor od ministerot Poposki zosto ne e odgovoreno na ponudata na R.Kipar za vospostavuvanje na bilateralni odnosi so R.Kipar pod privremenoto ime a so mozjnost R.Makedonija da go koristi Ustavnoto ime.A posebno brkanjeto na novinarite od parlamentot, kako i fizicko otstranuvanje na makedonskite opozicioni pratenici od Sobranieto.Taka da G-dinot Minister nema nikakvo moralno pravo da bara izgovori za vona na opozicijata ili vo neopredelenite gragjani, kako za dosegasniot neuspeh na nadvoresnata politika taka i za idnite negativni ocenki kako od EU taka i od drugi relevantni megjunarodni institucii za razvojot na demokratskite vrednosti vo R.Makedonija, koi 2001 godina nik |
| ФЕЛИКС, 28.12.2012 11:28:42 | Нема потреба од медиумска секирација на (не)дипломатско однесување,па нели Шатевци со својата неголема бројност,гласно и јасно објаснија да веќе не се парламентарници(ама ќе земаат собраниски плати)и нема да се ,,врнат наѕо,, во домот на недемократијата.И затоа нема потреба ни независните медиуми ниту непарламентарците да се испотресуваат . Туку секој нека си ја тера својата поврзувачка одработувачка работа |
| mene, 28.12.2012 13:45:04 | Tocno e deka nacinot koj go izbra opozicijata vlijae loso na megjunarodnata slika za MK. No so ogled na prirodata na problemot, ne gledam institucionalen nacin za resavanje na istiot. Kako bi postapile vie da bevte na toj nacin isfrleni od odredena institucija, zgrada, domakinstvo (nebitno)? Ke se vratevte za da pokazete zrelost? Na toj nacin samo bi ja ozakonile postapkata na vlasta i bi ja ohrabrile za ponatamosno izvojuvanje na svoite celi po nasilen pat! Ona sto moze da vlijae pozitivno e ne povikuvanje na opozicijata, tuku izvinuvanje od strana na vlasta i prezemanje odgovornost za nastanite. Dokolku smogne sila i doblest, Gruevski treba da go stori ova cas poskoro - zaradi sozdavanje na dobra slika za drzavata! Prestanete so odnesuvanjeto drugiot e vinoven (na vnatresen i nadvoresen plan) i storete i vie nesto za konecno da se promeni negativnata slika za MK!
|
| gv, 28.12.2012 17:09:39 | Абе дете ти ли зрел за политика абер си намаш. |
| Stojko, 28.12.2012 18:19:24 | @Феликс: Така е, и ти да си ја тераш твојата подлизувачка одработувачка работа. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (40)Љубомората е посилна од љубовта.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
Времеплов на оптимистот Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ... | |
|