30.12.2012, 12:02 Богата програма за дочекот на новата 2013 година на плоштадот „Македонија“
Новата 2013 година на плоштадот „Македонија“ ќе биде дочекана со многу забава и музика, како и со традиционален спектакуларен огномет.
Традиционално организираниот дочек на Новата година е во организација на Градот Скопје, со поддршка на Т-Мобиле и Т-Хоме.
Како што соопшти денеска Град Скопје, ќе настапат музички ѕвезди од Македонија, составот Нокаут, Тамара Тодевска, Роберт Саздов, Тони Зен, Аделина Таири, Дани, Бени, како и познати македонски диџеј ѕвезди.
Новогодишниот концерт ќе започне во 20 часот, а се очекува да трае до раните утрински часови. Точно на полноќ небото над Скопје ќе го осветли спетакуларен огномет, овозможен од двете компании. |