28.12.2012, 09:18 Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром
Маглата го отежна одвивањето на авиосообраќајот од скопскиот аеродром „Александар Велики“. Неколку летови се откажани, одложени или пренасочени.
Откажани се летовите од и за Бергамо на „Виз ер“, како и полетувањата за Истанбул и за Виена на „Пегасус“ и на „Аустријан ерлајнс“, покажува информаторот на веб страницата на концесионерот на аеродромите ТАВ.
Претпладневните летови на Пегасус и на Аустријан ерлајнс од Истанбул и од Виена, наместо на скопскиот аеродром, се пренесочени на аеродромот во Приштина. Откажано е и слетувањето на „Виз ер“ од Мимингем.
Маглата предизвикува проблеми и во одвивањето на патниот сообраќај. Според ЈП „Македонија пат“, појава на магла со видливост до 100 метри има во Тетово, Гостивар, Струмица, Неготино - Демир Капија и на патниот правец Катланово-Велес и обратно. По клисурите и усеците можна е појава на поситни одрони, посебно на патните правци Маврово-Дебар-Струга, Удово-Д.Капија и Катланово-Велес. |