29.12.2012, 16:49 (ФОТО) Протест на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски оцени дека од понеделникот наваму веќе Македонија не е ниту правна, ниту демократска држава
ФОТО: Киро Попов и Петр Стојановски
Коалицијата „Сојуз за иднината“ денеска одржа протестен собир пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје против, како што истакнаа, уривањето на демократијата и прекршувањето на Уставот по случувањата во Собранието во понеделникот.
Најавија дека по новогодишните празници, односно од среда, од 18 до 19 часот, во Скопје и во сите останати градов�� ќе продолжат со протестите и одржувањето на т.н. народни парламенти.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски оцени дека од понеделникот наваму веќе Македонија не е ниту правна, ниту демократска држава.
- Од понеделникот целиот наш народ е ставен пред следниот избор - или ќе прифатиме да наведнеме глава или ќе се кренеме и ќе се бориме за нашата слобода и демократија. За нас во СДСМ и во Сојузот на иднината одлуката е веќе одамна донесена. Враќање назад нема, рече Црвенковски.
Им посака на граѓаните 2013 да биде година кога храброста ќе го порази стравот во Македонија.
Според почесниот претседател на Либералната партија и прв претседател на Собранието, Стојан Андов, во понеделникот во македонскиот Парламент била укината демократијата и противуставно собраниската седница била претворена во затворена.
На протестот се обратија и лидерот на ЛДП, Адреј Жерновски, координаторот на НСДП, Горан Мисовски и претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов.
Денешниот протест на опозицијата пред седиштето на владеачката партија помина мирно и без индиденти. Собирот го обезбедуваше полицијата и за време на неговото одржување беа затворени за сообраќај дел од улиците во цетралното градско подрачје.
|
Статијата е прочитана 3828 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
ФЕЛИКС, 29.12.2012 17:42:20 | Човек останува без зборови кога ќе ја види оваа огромна малубројност на протестантите.Па така во град во кој живее пола Македонија и огромен број превезени од внатрешноста се собраа над 4-5000 храбри протестанти.Уверен сум да овие 29 тристотинки би биле уште помалку да не владее страв во Македонија.Оти денес е многу ризично да се оди против легалната власт која владее не легитимно.А нелигитимноста произлегува оти овие 29 тристотинки не ја признаваат власта,и бараат нормално без избори веднаш власта да си замине.Инаку поради воодушевеноста овие храбри протестанти ја имаат мојата неподршка.Можеби ова е како криво огледало,но уверен сум да вака се чуствуваат огромен број неприсатни неподржувачи на овие храбри актери од сликите. |
| pk, 29.12.2012 21:36:04 | A bre lugje, nasite stari komunari vo akcija za demokratija. Tuka se stariot partiec Andov, bivsiot zatvornik Zaev, Crvenkov koj nikako ne moze da se pomiri so izgubenite izbori.
SRAMOTA!
Toa nekoi da go storat vo Avstraliskiot parlament da go napadnat Spikerot i da mu go zemat stolot vednas ke bidat uapseni i pred sud izvedeni.
Toa samo ulicni luge mozat da go storat. |
| Трпе, 29.12.2012 22:16:04 | Протестите на опозицијата беа мирни и на ниво.Поголем дел од присутните на протестот се културни луге кои го изразуват својот револт со своето присуство а не со насилство.Да беше обратна ситуација, дпмне-овците да беа протестантите ке имаше искршени излози и превртени возила.Тие не размислуват со сопствена глава и се управувани со далечински.Власта познавајки ги своите нарави, беше уплашена.Затоа ангажираше толку многу специјалци вооружени до заби по патиштата и сокриени по гражите на седиштено на срамната жолта куќа. Има и кучиња за да ги гризат своите.Зарем планира да настане крвопроливање брат на брата.И Чаушеску имаше јака Секуритате служба.Но голем дел од повозрасните знаат како заврши тамошната ситуација(1989 година).Чаушеску беше ликвидиран од таа служба.Срамно и жално за 21 век за земја на европскиот континент. |
| сокол, 30.12.2012 07:53:54 | E ptico lipsana misli ti deka tie sto se doma se so vlasta,i tie sto mora da ja podrzuvat se sramat od nea. Nemale pari kumot ikumasinot ratite za kreditot da gi platat,a zosto gi zemaa za spomenici sega neka gi molzat lavovite a ne narodot. |
| Gino, 30.12.2012 09:37:02 | Vlast se dobiva na izbori i so programa,ne so blokadi ;nasilstvo i ulicna demokratija.Zalosno edna ,golema partija da ja vodat zabegani (bc,tp,sa,zz)faci.Pa lanskata godina bea izborite pa nemoze po keifot na ovie zabegani izbori da imame sekoja godina.Narodot odluci a i ako se odi na izbori sto se zamisluvate deka ce pobeite,ne izigruvajte kleoni.Ostavtea vadata da si go sraboti zacrtanoto. |
| Ајван Доктор®, 30.12.2012 11:37:29 | Фаличниот тетоец заборавил да си ги забрише замаглените окалца,па не видел дека има многу повеќе од 5001 храбри протестанти!Заборавил на фактот дека Скопје не е Македонија и дека протестантите од внатрешноста беа сопирани од републичката полиција „заради техничка неисправност“на возилата,на секои 2km за да не дојдат во Скопје!Она 1 во петте илјади,беше и Ајван Доктор кој присуствуваше на протестот не заради желбата да даде поддршка на политичарите од опозицијата,или на Бранко,туку за да го искаже својот гнев од тепањето народни избраници,суспендирањето на Уставот,Собранието,слободата на изразувањето и слободата на говорот од страна на забеганата мафијашко-националсоцијалистичка диктатура!Ги поздравувам илјадниците специјалци кои под полна ратна спрема чекаа на готовс зад оградата на Собранието,кај Владата и во Домот на АРМ и им порачувам дека,пред да го употребат оружјето,треба да си го вклучат мозокот за да не бидат соучесници во нов злостор! |
| Baba Zumbula, 30.12.2012 11:53:19 | Tefljonce Evdino, i mnogu izlegoa, bidejki kako vo 1933 treba smelost i hrabrost. No zatoa, eve ti link i proveri kolku imase SA – Sturmbteilungen (partiski jurisni odredi,da ti pojasni baba zs crpkata ne mi ti fasta) http://a1on.mk/wordpress/archives/79268
Da se uveris vo silata na lidero.Ne znam kade bea vo Slupcane,koga se menuvaa iminja na narodni heroi,koga se gradat spomenici bez odobrenie,koga orljinjata letaa,ops togaj mozebi go cuvaa Horhre zabarikadiran vo bunkero na Vodno,zs drugiov bese vo egzil).Eve da procitas i kolumna na kolkumnite web http://www.plusinfo.mk/mislenje/688/Kolumna-nad-kolumnite---Srekjna-nova-2013.Obrni vnimanie na dolniot ves.Ah Mimozicka,Mimozicka,sampion kako i sekogas.Trpe, vo istorijata vo 1934 vo nokta na dolgite nozevi, Hitler gi ubivase tie koi go donesoa na vlast (SA na Ernst Rem).Premnogu ojacaa i se uplasi od niv,zosto bea okolu 3 miliona probisveti koi gi vrsea site necisti raboti za firerot i go ustolicija.Tocno e imase kulturen protest. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Магла
|
Вторник
Ведро
Макс: 5°C, Мин: -3°C
|
Среда
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Времеплов на оптимистот Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ... | |
|