28.12.2012, 14:11 Заштитен сведок на судењето на Љубе Бошкоски
Со распит на заштитен сведок денеска во Основниот суд Скопје 1-Скопје продолжи судскиот процес кој се води против екс-министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски и на други 14 лица, за убиството на Марјан Тушевски и на Киро Јанев. Сведочењето, како што веќе стана практика во вакви случаи, се одвиваше без присуство на јавноста.
На едно од претходните судски рочишта Бошкоски го потсети судот дека токму со ваков сведок бил осуден на затворска казна во случајот наречен „Кампања“ и затоа побара неговите адвокати да го видат заштитениот сведок и са,мите да се уверат дека се работи за лицето кое што треба да сведочи и дека крај него. Бошкоски смета дека крај заштитените сведоци не смее да има никој кој би му помагал во давањето одговори.
Бошкоски се товари дека им помогнал на извршителите на убиството на Тушевски со тоа што не презел никакви активности за да го попречи настанот. Тој се бранеше дека полицијата, во време кога тој бил министер, ги презела сите потребни мерки и активности, а потоа целиот случај бил преземен од судски истражни органи. (Љ.С.)
|