30.12.2012, 13:31 (ИНТЕРВЈУ) Не се плашам од „Метрополитен“
„Самото одење во Њујорк за мене беше конфузно. Најпрвин не знаев дали ќе добијам американска виза, а потоа кога отидов, се случи ураганот ’Сенди‘“, вели оперската пејачка Ана Дурловски
Тина Иванова
Веста дека во 2014 година ќе настапувате во престижната оперска куќа „Метрополитен“ навистина не израдува сите, затоа што Вие сте првата Македонка што ќе стапне на сцената во Њујорк од која тргнале многу големи оперски имиња и станале светски ѕвезди. Какви се Вашите чувства за оваа, како што во една пригода изјавивте, за Вас неочекувана ситуација?
Да, во „Метрополитен“ настапувам во 2014 година, а пробите почнуваат некаде од средината на септември. Се уште не сум свесна дека ќе настапувам на таа сцена. Но, и самото одење во Њујорк за мене беше конфузно. Најпрвин не знаев дали ќе добијам американска виза, а потоа кога отидов, се случи ураганот „Сенди“. Јас го фатив последниот авион за дома, односно заминав веднаш по аудицијата, а потоа поради „Сенди“ сите летови беа откажани. Цело време бев под стрес. Јас одев на аудиција со куфер, дотерана, со високи потпетици, а луѓето околу мене се движеа во паника. Така што, целото тоа патување почна некако чудно и затоа можеби се уште немам конкретни чувства за настапот во Њујорк.
(Поопширно во новогодишното печатено и електронско издание на „Утрински весник“)
|