28.12.2012, 12:47 Промоција на „Осмото светско чудо“ во Белград
Овој роман на Плевнеш во превод на српски јазик на академик Ристо Василевски го објави издавачката куќа „Арка“
На култната книжевна трибина во Белград, на Француска 7, во Клубот на писателите на Србија, денеска ќе биде промовиран романот „Осмото светско чудо“ од Јордан Плевнеш.
Овој роман на Плевнеш во превод на српски јазик на академик Ристо Василевски го објави издавачката куќа „Арка“ и по неговота појава во едицијата „Тркалезна маса“ на издавачката куќа „Галимар“ во Париз, ова е негово 12. издание на поголем број светски јазици и меридијани.
На трибината ќе зборуваат претседателот на Друштвото на српските писатели Радомир Андриќ и книжевните критичари Срба Игњатовиќ и Михајло Цвијетиќ.
Извадоци од романот ќе чита македонскиот актер Никола Ристановски. |