28.12.2012, 16:48 Даниел Сервер: Буџетот не е Дедо Мраз
Ако Македонија не добие добро владеење, според аналитичарот од САД, нема надеж за членство во ЕУ и во НАТО
Слободанка Јовановска
„Некој мисли дека државниот буџет е како Дедо Мраз и' дава неограничени подароци“, е првата оцена на Даниел Сервер, аналитичар од САД, на политичката криза предизвикана од блокадата на буџетот и случувањата во македонскиот парламент.
Сервер, кој е добар познавач на состојбите во регионот и неодамна беше гостин во Македонија и примен од државниот врв, смета дека ако Владата и опозицијата не седнат и ја завршат тешката работа на добро владеење, нема надеж за членство во ЕУ и во НАТО.
„Најважната работа е Владата и опозицијата да се вратат на тешката задача на владеење и добро владеење. Ако го сторат тоа, овој инцидент нема да значи многу. Ако не го сторат, нема надеж за членството во ЕУ и во НАТО, со или без инциденти од ваков тип“, одговори Сервер на прашањето каде го гледа решението од актуелната политичка криза во земјата. Прашан што би кажал за земја во која парламентарците ги исфрлаат насила од парламент како тука, се тепаат и понижуваат, и дали бојкотот на институцијата е соодветен одговор на тоа, Сервер одговори: „Не мислам дека со бојкот на парламентот се постигнува многу. Би ја оставил таа одлука на луѓето кои се директно инволвирани во овој случај, но искуството од секаде сугерира дека тоа само го остава мнозинството на власта да прави што сака“. Според Сервер, ваквата состојба сигурно ќе влијае на евроатлантската интеграција на земјата, што тој ја оцени како „прекин на граѓанските релации во парламентот и надвор од него“.
Не е добро за членството во НАТО и во Европската унија да се поминува низ ваков прекин на граѓанските релации во парламентот и надвор од него.
„Не е добро за перспективите во ЕУ и во НАТО да се поминува низ ваков прекин во граѓанските релации во парламентот и надвор од него. Невообичаено е исто така - и јас се сомневам дека некој во ЕУ ќе го смета тоа за вредно да се плати цена - опозицијата да сака да ги кастри трошењата“, додава Сервер.
За настаните во Македонија се огласи на „Твитер“ и еврокомесарот Штефан Филе, кој порача дека политичките несогласувања не треба да се решаваат со насилство и не треба да влијаат на работата на новинарите. Место тоа, тој ги повика политичките актери во земјата заеднички да најдат решенија за отворените прашања, предупредувајќи дека оваа пролет ќе биде одлучувачка за европската перспектива на Македонија.
За настаните во Македонија се огласи и ексамбасадорот Ерван Фуере, кој оцени дека традиционалната порака во ваков празничен период, т.е. мирот и толеранцијата, ја одминала Македонија овие денови.
„Шокантните сцени на насилство во Собранието можеби се очекуваат од Белорусија, но сигурно не е од земја-кандидатка за влез во ЕУ. Ова е директен резултат на неуспехот на Владата да се вклучи во каков било суштински политички дијалог. Кога се случи последниот состанок на лидерите? Зошто ДУИ е толку тивка околу ваквото насилство, иако како партија во минатото протестираше силно кога чувствуваше дека нејзините права беа прекршени?“ е реакцијата на Фуере.
|
Статијата е прочитана 3549 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Zarem ima razlika, 29.12.2012 09:47:09 | „Не мислам дека со бојкот на парламентот се постигнува многу. Би ја оставил таа одлука на луѓето кои се директно инволвирани во овој случај, но искуството од секаде сугерира дека тоа само го остава мнозинството на власта да прави што сака“. Pa mnozinstvoto na vlast i taka pravese sto saka. Vo posledniot slucaj koga opozicijata gi iznervira, gi isfrlija nadvor so sila za da pravat sto sakaat. I ako se vratat, mozat pak da gi isfrlaat. |
| koki, 29.12.2012 11:00:35 | За дечињава наши од ДПМНЕ и те како е Дедо Мраз............. добро се офајдуваат........
ама не ги бидува држава да водат, тоа е повеќе од јасно........и на Феликс му е јасно како ден............ |
| pile, 29.12.2012 11:10:43 | „Најважната работа е Владата и опозицијата да се вратат на тешката задача на владеење и добро владеење,,.Za pozdravuvanje se obidite na prijatelite na regionot za normaliziranje na politickata klima vo Sobranieto na R.Makedonija, so pravilni nasoki za nadminuvanje na sostojbata.Sekoja pravilna nasoka, a posebno ako odlukata za implementiranje na takov poteg e teska, treba da bide upatena na lideri so odgovornost i integritet, lojalni kon Drzjavata a ne kon partijata, kakvi vo postoeckata Vladeacka struktura se retki pa duri i gi mema.Terminot ,,teska zadaca za vladeenje e svojstven na odgovorni i lideri vizioneri, a ne na ministri koi nemaat doblest da si podnesat ostavka i koga gi ima vo negativna konotacija vo EI,ili koga resorite im se krajno negativno oceneti od relevantni megjunarodni institucii,toa za niv se novi predizvici koi prerasnuvaat vo standardi, i na ostanatite im dava za pravo da diskreciono davaat znaci vo Sobranieto za zapocnuvanje na akcijata-ubistvo na demokratija |
| Коста Стоименовски, 29.12.2012 11:33:03 | Во повеќе наврати укажував дека постои целосна подударност во стратегиите и политиките на двоглавата власт во РМ за зачленување на државата во ЕУ и НАТО! Лидерот на ДПМНЕ и премиер на РМ не е заинтересиран бидејќи со влегувањето во спомнатите организации ќе мора да ги почитува нивните демократски стандарди и нема да може да владе авторитарно и автократски. Лидерот на ДУИ, пак, е заинтересиран РМ да се држи во „лимбо“ (недефинирана) позиција се додека дефинитивно не се оцрта геополитичката мапа на регионот на З. Балкан. Не треба да се заборава неговата изјава дека не може да гарантира дека Македонија нема да трпи последици доколку дојде до поделба на Косово! Меѓутоа, македонската „глава“ во власта тоа или не го разбира или не сака да го разбере, па се прави „неудрена“ со цел да ја задржува власта по секоја цена! |
| m. edelweiss, 29.12.2012 15:24:24 | Navistina e grdo toa toa sto se slucuvase vo parlamentot i koe so obzir na netolerantnosta koja vladee medju ludjeto i partiite ova bese i ocekuvano bidejci i prethodno imase mnogu slicni incidenti i provokacii. Ova im dojde kako dobrodojde na EU i NATO protivnicite za vlez na zemjata pa edvaj docekaa da najdat opravdanie za sebe, no tie se i glavnite koi stvorija depresijakaj ludjeto, i plodno ploe za politicariteda se odnesuvaat vaka neodgovorno, aseto toa samite mozea odamna da go resat i sega zemjava da bide odlicen primer na uspesna zemja i narod. Aparthejdot ne e dobro resenie za zemjava i zatoa beuslovno EU i NATO vednas da ja prinat zemjava i ovde ce bide se ok. |
| stef, 29.12.2012 15:24:33 | Zosto da slusame nekoi koi kako prvo negovata drzava imat problemi so budzetot ( i kaj niv seuste ne e donesen)... |
| sebastian, 29.12.2012 16:37:35 | „Невообичаено е исто така - и јас се сомневам дека некој во ЕУ ќе го смета тоа за вредно да се плати цена - опозицијата да сака да ги кастри трошењата“, додава Сервер“ - ова ми изгледа како важна поента од текстов, па решив да го потенцирам... |
| ЕУ не е демократска. Името ми е иднина, 29.12.2012 22:28:29 | Грција и Бугарија не се демократски, а заради нив и ЕУ не е. Докази има многу. Името македонско на Македонците и јазикот македонски а и црквата македонска не е проблем на засега Грција и Бугарија заради миотологијата или антика туку заради нивната анексија на македонскиот етнички простор и злото што го извршија над Македонците и што сеуште не ги почитуваат основните човек��ви права на Македонците што се во нивните творби недемократски. |
| Dgabe ke rabotam nego dagbe da protesterar, 30.12.2012 00:22:34 | E sega svatete za kolku vreme nazat go vrativte satot,ova seto Vie i vasite deca kegi platat a nasite neprijateli se sitat so nasata nesoglasnos. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Ведро
|
Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C
|
Вторник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (40)Љубомората е посилна од љубовта.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
Времеплов на оптимистот Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ... | |
|