30.12.2012, 12:08 Бреговиќ ќе му свири на Путин за Нова година
Балканскиот музичар ќе свири на приватната новогодишна забава на рускиот претседател, а за овој негов ангажман ќе добие 120.000 евра
Познатиот балкански музичар Горан Бреговиќ за Нова година ќе свири и пее за рускиот претседател Владимир Путин, неговата сопруга и уште 14 двојки на приватна новогодишна забава за што ќе добие 120.000 евра, објавија босанските медиуми.
Освен Бреговиќ со неговиот „Оркестар за свадби и погреби“, на сцената ќе бидат и околу 50 други музичари кои ќе забавуваат околу 30 луѓе.
Босански медиуми тврдат дека тој ангажман на Бреговиќ може да се вброи како еден од најуспешните, најмалку заради елитната публика. |