30.12.2012, 09:32 (ФОТО) Четворица загинати во авионска несреќа во Русија
Четири членови на екипажот загинаа, а четворица се повредени откако патнички авион Ту-204 излета од пистата за време на слетувањето на московскиот аердром „Внуково“ и се запали, соопшти руското Министерство за вондредни ситуации.
Министерот за вондредни ситуации Владимир Пухков изјави дека завршила спасувачката операција.
Според најновите податоци четворица членови на екипажот загинале, а четворица пилоти се повредени. Претходно, беше соопштено дека во авионот, кој може да прими 210 патници, во моментот на несреќата имало само четири членови на екипажот и осум патници, но според последните информации во леталото биле само осумте членови на екипажот.
Авионот на руската компанија „Црв��ни крила“, кој се враќал од Чешка при слетувањето ја пробил заштитната ограда, застанал на автопатот во близина на аердром „Внуково“ и се запалил. Пожарникарите 30 минути го гаснеле огнот.
Се` уште не се познати причините за несреќата.
|