30.12.2012, 15:03 Во кого се колнат македонските политичари
Американските претседатели и дипломати како пример за квалитетни и успешни дипломати
Горан Адамовски
Американските претседатели и дипломати Обама, Рузвелт, Клинтон и Кисинџер, трагично загинатиот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ, првиот премиер Никола Кљусев, и претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, полскиот државник Лех Валенса, Израелецот Бенјамин Нетанјаху, но и нивните сопруги се личностите кои дел од македонските политичари ги посочија како свои идоли и примери во животот. Дипломатски ков, транспарентноста и смелоста се карактеристиките поради кои добија најмногу приврзаници во македонската дипломатија.
Поранешниот собраниски спикер, Стојан Андов, е веќе навлезен во есента на животот. Иако речиси цел живот го мина во политиката, вели дека случајно влегол во неа.
„Затоа и немав идоли, но подоцна, кога ја сфатив политиката и научив доволно работи, најмногу ми се допаѓаше Рузвелт. Тој во Америка ги испроба концептите на Кејнс и ја спаси демократијата. Тоа беше неговата големина“, се присетува Андов, кој сега ужива во пензионерските денови.
(Поопширно во новогодишното печатено и електронско издание на „Утрински весник“)
|