Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.12.2012, 14:37

Димитар Башески излезе од ДПМ, но и ДПМ го поддржа ЗНМ



Друштвото на писателите на Македонија денеска го поддржа ЗНМ во реакцијата по нападот со Собранието

Друштвото на писателите на Македонија денеска го поддржа Здружението на новинарите на Македонија во реакцијата по нападот со Собранието, откако ден претходно, во знак на протест поради недавање поддршка оставка поднесе писателот, Димитар Башевски. Одлуката да го напушти ДПМ во кое членуваше повеќе од 40 години, Башевски ја донел во знак на протест бидејќи како што стои во писмото насловено со „Драги колеги“, до моментот кога се одлучил на таков чекор, ДПМ не се огласил.

„Не се огласуваше со ниту еден збор на поддршка на своите колеги новинари (најголемиот број од нас писателите според работната кариера сме всушност новинари) кои, спротивно не само на Уставот и законите во земјата, туку и на сите меѓународно прифатени норми кога е во прашање слободата и независноста на новинарството, со употреба на физичка сила беа исфрлени од Парламентот на Република Македонија, додека си ја извршуваа својата професионална работа“.

Јас со овој чекор, вака сам, му ја изразувам мојата поддршка на Здружението на новинарите на Македонија и на македонските новинари воопшто, на оној број професионалци и слободољубиви луѓе кои бараат и имаат право да добијат одговор за насилството извршено врз нив и врз слободата на информирањето. Овој мој чекор не е повеќе отколку еден обид да дадам знак дека сум меѓу оние кои одбиваат да се согласат со задушувањето на слободата воопшто и посебно на слободата на говорот. Тоа е главната битка што ја води и Меѓународниот ПЕН, во која во една мера, како долгогодишен претседател на Македонскиот ПЕН и како сегашен почесен претседател, сум учествувал и учествувам. Далеку од тоа да се послужам со онаа подзастарена и патетична крилатица дека писателите се совест на народот. Никој нема право да биде совест на народот ниту совест на било кој друг, секој си ја имаа својата сопствена совест, стои во писмото на Димитар Башевски испратено вчера вечер во редакцијата на „Утрински весник“. (К.Б)

ДПМ целосно ја поддржува реакцијата на ЗНМ

„ДПМ дава целосна поддршка на реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија во одбрана на слободата во извршувањето на професионалните обврски и слободата на изразување. Друштвото се придружува на барањето на ЗНМ за брзо и целосно расчистување на случајот што е без преседан и остава негативни и непредвидливи последици за демократските процеси во земјата“, се вели во соопштението на писателската асоцијација чии членови напоменуваат дека во основа на нејзиното практично дејствување стои дека „тешко на таа средина во која владеат интелек��уалци молчаливци, луѓе без став, без опција, без идеја водилка”. 







Статијата е прочитана 1449 пати.


Испрати коментар



Светот во 2012 година кога не се оствари пророштвото на Маите
Сите по список - Кои беа вредни, а кои дремливи
Политиката да ја остави економијата да дише
Кризата е длабока, перспективите мрачни
Година на секој против секого
Велешанец се спасил бегајќи од автомобил заглавен на пруга
Хашим Тачи најави дека нема да се кандидира за премиер
Во кого се колнат македонските политичари
Поповска - Вистината ќе излезе на виделина
(ИНТЕРВЈУ) Ниту оваа ниту претходните влади не сакаат совет
Банките малку послабо отпорни, но профитабилни
Добитници и губитници во 2012
Мукаетов - Не' чека тешка година, но остануваме оптимисти
Во политиката имавме сцени слични на „К-15“ и „Монти пајтон“
Црвенковски - 2013 да биде победничка
Бреговиќ ќе му свири на Путин за Нова година
Богата програма за дочекот на новата 2013 година на плоштадот „Македонија“
Во Тетово и Гостивар одземени над 12 илјади петарди
Момче претепано и застрелано во дискотека во Тетово
Деветнаесет загинати во бомбашки напад во Пакистан
(ФОТО) Четворица загинати во авионска несреќа во Русија
Жената која турна човек во метрото во Њујорк нападнала од верска омраза
Ердоган - Изминатава година беше успешна за Турција
Ѕинго пак на чело на СПМ
(ФОТО) Вооружен грабеж на златара среде бел ден во Кавадарци
(ФОТО) Протест на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Даниел Сервер
ВМРО-ДПМНЕ - Задолжувањата помали отколку во времето на СДСМ
Тачи однапред знаел за настаните во Собранието
Во пет верижни сообраќајки - 11 повредени
Делницата Катланово - Велес повторно во употреба
Николиќ пак нуди посредништво меѓу Атина и Скопје
Наградени десет научници на УКИМ
СДСМ обвинува за ново задолжување на државата
Штипски полицаец пронајден мртов
„Тинекс“ вложи 17,5 милиони денари за развојни проекти
„Телеком“ ќе подели над 350 топли оброци во шест народни кујни
Заштитен сведок на судењето на Љубе Бошкоски
Башким Бесими поднесе оставка
Прогласени најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител
Собранието го донесе законот за задолжување кај Светска банка
Седете дома и не отворајте прозорци, надвор е презагадено
Нови 157 припадници на АРМ ќе заминат за Авганистан
„Окта“ подари зимска облека за повеќе од 300 деца
ДС ќе иницира формирање парламентарна комисија за случувањата во Собранието
ОМД го зголеми својот тим во САД
Филе - Претстојната пролет одлучувачка за Македонија
Конфискација на нелегалниот имот на Иснифарис Џемаили
Косовците уплашени од радикалниот исламизам
Ромпуј - Камерон ја загрозува иднината на ЕУ
Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром
(ВИДЕО) Новинарите го исвиркаа Трајко Вељаноски
Комерцијална банка ја продаде старата зграда и се сели во нова



pance pandev, 28.12.2012 16:26:50
Kolku sto mi e poznato, uste vcera reakcija na ovaa tema imase makedonskiot PEN centar. Zosto ne ja objavivte taa reakcija, a deneska objavuvate reakcija na DPM? Dali e slucajna taa selektivnost, ili obid da se zataska potegot na Basevski?
Islenik od Sidnej, 28.12.2012 22:39:26
Pocituvan Basevski, Golemi cestitki, dobra odluka si donesol.Da zivee makedonija!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C

Вторник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (40)
Љубомората е посилна од љубовта.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Времеплов на оптимистот
Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ...
Ексклузивно - Готвам, значи постојам и сум сакана
Хрватката Ана Угарковиќ, авторка на готвачкото ТВ-шоу „Кај Ана“, е естет со префинет вкус за храна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Новогодишен прилог |