30.12.2012, 15:07 (ИНТЕРВЈУ) Готвам, значи постојам и сум сакана
Ана Угарковиќ, хрватска авторка на готвачкото ТВ-шоу „Кај Ана“, е естет со префинет вкус за храна
Валентина Тодоровска
Ана порасна во Сисак, средното училиште го заврши во САД во Albuqerqu по што запиша факултет за графички дизајн во Милано. Со дизајнот се занимаваше во Италија, Швајцарија, Англија и во Хрватска. Својата љубов кон готвењето го развива стажирајќи во лондонски ресторани напоредно со кариерата на графичка дизајнерка. Во 2002 година се враќа во Хрватска каде што почнува да се занимава со сите аспекти на гастрономија.
Готвењето, гастроуживањето и хедонијата се работи што не ги разбираат сите. Некои се хранат попатно, набрзина, не гледајќи ниту што јадат ниту со кого јадат. Кои се Вашите ритуали кога е во прашање храната? Дали често си подготвувате нешто вкусно, убаво и шарено?
- Се разбира. Храната, јадењето секогаш ми се врзани со дружење и - да, многу ми е поубаво кога го делам тој ритуал со пријателите и со драгите луѓе. Кога сум принудена да јадам сама, тоа се најчесто едноставни работи - салати, пасти или парче месо на жар.
(Поопширно во новогодишното печатено и електронско издание на „Утрински весник“) |