Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
02.01.2013, 08:49

Фељтон

Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (42)

Титовата шлаканица ја открива тајната.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Голема кавга избила меѓу брачните сопружници Тито и Јованка во предвечерието на Самитот на неврзаните во Коломбо 1976 година

Јованка и Тито се скарале заради масерката Даријана која била дел од претседателската придружба во Шри Ланка


Во 1976 година, на Самитот на неврзаните земји одржан во Коломбо, Тито не замина само како учесник, туку и како еден од домаќините. Само благодарение на ��громната материјална помош од страна на Југославија, овој Самит можеше да биде одржан. Покрај помошта во трошоците за одржување и организација, Југославија вложила и големи средства во подготовките на Самитот. Помеѓу останатото, југословенските експерти вовеле телевизија во Коломбо и поставиле уреди на аеродромот, како и на пристаништето во Коломбо заради безбедно слетување на авиони и закотвување на бродови.

Во Коломбо стасавме на 13 август. На аеродромот, срдечно добредојде на претседателот со сите високи државни почести му посака претседателката на Шри Ланка, Сиримаво Бандаранаике.

Одејќи од аеродромот кон Коломбо, проаѓавме низ прекрасни предели со бујна вегетација. Проаѓајќи низ Коломбо, веднаш ни падна во очи дека станува збор за сиромашна земја. Шри Ланка долго време била британска колонија под името Цејлон.

Отседнавме во хотелот „Интерконтинентал“, каде што Тито беше сместен во најдобриот и најголемиот апартман во хотелот, на 8 кат. Покрај Тито, на 8 кат беше сместена и неговата потесна придружба, која ја сочинуваа личните лекари, ордонансите, секретарот и физиотерапевтката.

Тито не беше задоволен од сместувањето. Според негово мислење, апартманот бил мал и нефункционален, а особено не бил погоден за вршење на масажата. Масерката морала на доаѓање и одење да помине низ дневниот престој и да се сретне со Јованка.

Истиот ден, на полноќ, итно ме повикаа во Титовиот апартман. Кога влегов во дневниот престој, ја затекнав Јованка расплакана.

- Што се случило? – прашав уплашено – плашејќи се да не дошло до она најлошото.

- Не плашете се. Жив и здрав е – рече Јованка, бришејќи си ги солзите со марамче и дополни – Тој нека ви каже што се случило, ако не му е срам.

На Тито му е лошо

Не чекајќи го неговото објаснување влегов во Титовата спална соба. Лежеше на креветот, црвен во лицето, и тешко дишеше.

- Како се чувствувате, другар претседателе, и кои тегоби ги имате? – прашав грижливо.

- Се чувствувам лошо после сe што се случи. Јованка со погрдни зборови ја исфрли физиотерапевтката Даријана. Рече дека нема да дозволи масерката да го премине прагот од нејзината соба и дека ќе направи скандал.

Детално го прегледав. Констатирав дека пулсот му е забрзан, а притисокот лесно покачен. Бидејќи сето ова беше последица на силното возбудување, му дадов таблети за смирување и му реков дека е потребно добро да се наспие и одмори, бидејќи независно од инцидентот, патот бил долг и заморен.

Пред да излезам од собата, тој ми се обрати со зборовите:

- Видете докторе, што ми приредува таа. Како можам да бидам јас концентриран и успешно да ги извршувам работите кои ме очекуваат? Таа дури сакаше и физички да се пресмета со Даријана. Јас морав да се поставам помеѓу двете, за да ја заштитам Даријана.

Погледнав кон масата за масажа, која беше сместена во неговата спална соба и му реков:

- Мораме да најдеме подобро решение.

На тоа тој одговори:

- Подобро решение не постои во овој апартман. Утре ќе одиме на „Галеб“. Јавете му уште вечерва на адмиралот Виловиќ дека утре ќе се преселиме на „Галеб“ и во таа смисла да изврши организација. Кажете му на шефот на Кабинетот, на другарот Милутиновиќ, на домаќините да им објасни дека сум навикнал на условите на живеење и работење на бродот и дека мислам дека на него подобро ќе се чувствувам. Морам да ви кажам дека при изборот на сместувањето не сте ги имале предвид сите елементи. Знаевте како реагира Јованка на масажата и требало во тој поглед да најдете подобро решение.

Јованка плаче

- Можам да Ви кажам дека сето ова го имав предвид, и дека претходницата изрично ја предупредив дека како Ваше сместување најдобро би одговарала вила со повеќе одвоени простории. Тие по враќањето ме известија дека сите вили кои им биле нудени, не одговарале за Ваше сместување, бидејќи биле доста запуштени. Дури и во вилата на претседателката Сиримаво Бандаранаике, која таа сакаше да ви ја отстапи за време на вашиот престој во Коломбо, немаше услови.

Напуштајќи ја спалната соба, му посaкав добра ноќ на претседателот и му реков дека може да ме повика во секое време од ноќта доколку не се чувствува добро, бидејќи мојата спална соба се наоѓа веднаш покрај неговиот апартман.

Кога ја затворив вратата и влегов во дневната соба, Јованка ми дојде во пресрет.

- Како е Тито? – ме праша со насолзени очи.

- Прилично вознемирено – реков јас.

- Има причина да биде вознемирен. И јас сум многу вознемирена – рече Јованка.

- Можеби ви треба нешт�� за смирување. Другарот Тито ми ја кажа причината за вашата караница.

- Не ми треба ништо за смирување – рече Јованка и додаде – Кога за секоја секирација која ја имам би пиела таблета, би ми биле потребни тони таблети годишно. Ако немате други обврски и ако не сте уморен, би ве замолила да седнете и малку да поразговараме. Разговорот понекогаш подобро го смирува човека отколку било какви таблети.

Ми понуди пијалок. Јас земав само кисела вода, бидејќи од возбуда и мене ми беше грлото малку суво.

- Велите дека ви ја кажал причината за караницата. А, дали притоа ви кажа и дека ми удри шлаканица?

- Не, другарке Јованка, тоа не ми го кажа.

- Секако дека не ви го кажал, бидејќи тоа не може да му служи на чест.

Вистината на виделина

Настана мала пауза. Со марамица си ги избриша солзите и продолжи:

- Замислете, другар докторе. Тој ми удри шлаканица! Тоа не беше обична шлаканица. Во таа шлаканица беше сета негова омраза и јад. Замислете, тој да ми удри шлаканица поради една масерка, која не е достојна ниту името да ми го спомне.

Ги избриша солзите и продолжи:

- Дали некој нормален може да сфати, човек да и' удри шлаканица на својата сопруга поради една скитничка.

За да ја потсмирам малку, се обидов инцидентот да го релативизирам со зборовите:

- Мислам дека тој не е свесен дека го сторил тоа. Можеби тоа било случајно кога ве раздвојувал, а ако навистина била шлаканица, тогаш тоа е празнење на акумулираниот афект.

- Што ви е Вам докторе? Зарем Ви личам на некого кој може да дозволи такви празнења, па дури и кога се работи за Тито?

- Не го мислев тоа, но сметам дека има мал број луѓе кои во животот барем еднаш не и' удриле шлаканица на својата сопруга. Другарке Јованка, јас навистина не знам што да ви кажам за да ве смирам и да ве убедам дека овој инцидент не треба да го сфаќате толку трагично. Ако очекувате да ви кажам дека другарот Тито вечерва направил големо злосторство и дека неговата постапка е злосторничка, тоа не можам да ви го кажам затоа штo и не мислам така. Се сложувам дека не требало да го стори тоа, но сметам дека и Вие треба да внимавате на своето однесување. Рамноправноста на жените и мажите значи заемно почитување и уважување, а не неограничено право на жената. Колку што ми е мене познато, и во рамките на Самитот треба да одржите предавање за положбата на жената во неврзаните земји. Поради тоа би требало сето ова да го заборавите и да се насочите на подготовките за предавањето.

После ова што се случи, не мислам ни да го одржам! – рече Јованка и додаде: - За каква рамноправност на југословенската жена треба јас да говорам, кога таа рамноправност ја немам ни во сопствената куќа.

(Продолжува)

Претходните делови на фељтонот може да ги прочитате ТУКА


Статијата е прочитана 3038 пати.


Испрати коментар



По Депардје и Бардо по руско државјанство
Божикниот концерт на „Скопски солисти“ со Нацоски и Таламанка
Пекиншкиот човек бил прекрасен градител
Во Сахара пронајден метеорит стар над две милијарди години
Уметниците се простија од Никола Иванов-Балтон
Концертот за Василица годинава посветен на Верди
Колин Фарел пиел по две шишиња виски
Првата дама на Северна Кореја веројатно се породила?
Депардје стана Русин
Хју Хефнер пак се ожени
Прагот стана мој покрив, а куферот моја адреса
Алаѓозовски, Крајчев и Тоциновски добитници на „Прозни мајстори“
„Скајфол“ заработи една милијарда долари
Данската кралица скептична кон Фејсбук
Се венчаа Бред Пит и Анџелина Џоли
„Педесет нијанси сиво“ - најпопуларна книга за 2012
„Смртта на Ерусалим“ во сефардското списание “Лос Муестрос”
Почина сликарот Никола Ивановски- Балтон
Марсеј и Кошице - престолнини на европската култура во 2013
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (41)
(ИНТЕРВЈУ) Готвам, значи постојам и сум сакана
(ИНТЕРВЈУ) Не се плашам од „Метрополитен“
„Шарли Хебдо“ ќе објави „халал“ стрип за животот на Мухамед
Витни Хјустон и „Гангам Стајл“ најбарани на интернет во 2012
Есма и Влатко Лозаноски ќе ја претставуваат Македонија на Евросонг
Годинава имавме три филма во Берлин
Промоција на „Осмото светско чудо“ во Белград
Отворена изложбата „Археолошка Македонија 2012“
Поддршката на македонскиот роман е нула
Витни Хјустон убиена од дилерите поради долг?
Мјузикл за Тоше Проески
Каролина - лице на новиот календар на „Пелистерка“
Фотографии од „Твитеркалендар 2013“ на продажна изложба
Проектот „Љубојна брас фантази“ сега и на ЦД
Новогодишен гала-концерт на Филхармонијата
Адел го заштити нејзиното име
„Јадро“ го брани демократскиот социокултурен простор
Се обновува Драмската програма на Македонско радио - Радио Скопје
„Ангелите“ голи за шпанскиот „Вог“
Во „Мала станица“ изложуваат шест автори
„Фрик фестивал“ со гости од Белград
„Битлси“, Џегер и Бекам може да завршат на банкнота од 10 фунти



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |