03.01.2013, 11:34 Депардје стана Русин
Путин денеска потпиша указ со кој на францускиот актер му се доделува руско државјанство
Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша указ со кој на францускиот актер Жерар Депардје му се доделува руско државјанство.
Ѕвездата на францускиот филм минатиот месец се закани дека ќе се откаже од своето француско државјанство во знак на протест поради предлогот за зголемување на данокот на богатите и одлучи да се исели од Франција.
Путин на неговата годишна прес-конференција минатиот месец изјави дека е подготвен да му понуди на „бизнисменот и пријателот“ Депардје руски пасош.
- Ако Жерар навистина сака да се пресели во Русија или сака руски пасош, тоа прашање ќе биде позитивно решено, рече тогаш Путин.
Ѕвездата на филмот „Сирано де Бержерак“ претходно спомнуваше селење во Белгија каде даноците се пониски, но чест гостин е и во московките филмски фестивали и други случувања во Русија. |