02.01.2013, 12:23 „Скајфол“ заработи една милијарда долари
Ова е прв филм за тајниот агент Џејмс Бонд кој во светот заработи една милијарда долари
Остварувањето „Скајфол“ стана прв филм за тајниот агент Џејмс Бонд кој во светот заработи една милијарда долари. Филмот за агентот 007, 23. по ред, со Даниел Крег во главната улога, прикажам е на 50-годишнината од премиерата на првиот филм за Бонд и во текот на божикните празници ја мина границата од една милијарда долари.
„Скајфол“ во САД заработи 289.600.000 долари, а во светот 710.600.000 долари и така стана првиот филм за Бонд кој заработи толку пари во својата историја долга половина век. Се очекува дека филмот, кој го режираше оскаровецот Сем Мендез, ќе заработи уште повеќе, бидејќи во почетокот на 2013 ��одина, почнува да се прикажува во Кина.
Досегашниот рекорд, кога станува збор за заработувачката, го држеше „Казино Ројал“, кој во 2006 година заработи 596.365.000 долари во кој во улога на Џејмс Бонд првпат се појави русокосиот Даниел Крег. Ако се земе предвид инфлацијата, тогаш „Операцијата гром“ е финансиски најуспешниот филм за агентот 007, на сите времиња. Филмот во 1965 година заработи 141.200.000 долари, што денес би било 1.014.941.117 долари. |