26.12.2012, 12:55 Новогодишен гала-концерт на Филхармонијата
Оваа возбудлива музичка вечер ќе биде исполнета со нови интересни композиции од мајсторите на виенските валцери, мазурки и полки
Вечерва во Салонот на Македонската опера и балет во 20 часот, Македонската филхармонија под диригентство на Борјан Цанев ќе го одржи традиционалниот Новогодишен гала-концерт. Оваа возбудлива музичка вечер ќе биде исполнета со нови интересни композиции од мајсторите на виенските валцери, мазурки и полки - членовите на семејството Штраус, но на програмата свое место ќе најдат и делата на Чајковски, Римски-Корсаков, Бородин и Монти. Концертот, кој е многу популарен кај македонската публика, велат од Филхармонијата, барем за миг ќе ги пренесе присутните во раскошот на Виена, додека на концертниот подиум музичарите на Македонската филхармонија ги изведуваат прекрасните и игриви мелодии.
|