Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
28.12.2012, 17:18

Ахмети ќе ја враќа опозицијата во Собранието

Во отсуство на политичка акција од страна на главните лидери во земјава, стигнуваат понуди за посредништво од други

Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави дека како владејачка партија ќе преземат се' за опозицијата, која ја бојкотира работата на Собранието, да се врати во парламентарните клупи. Тој искажа незадоволство од инцидентите што се случија во Собранието, но и од одлуката новинарите да бидат исфрлени од собраниската сала бидејќи биле оневозможени да си ја вршат својата работа.

„Незадоволни сме и несреќни поради се' што се случи во Собранието при усвојувањето на буџетот. Опозицијата не го најде најдобриот начин да ги демонстрира своите активности. ДУИ ќе придонесе опозицијата да се врати во парламентот и ќе работи на тоа да ги доближиме ставовите за повисоки цели. Сите имаме одговорност за имиџот на државата. Да не одиме во спротивни насоки, независно од тоа дали сме власт или опозиција“, рече Ахмети на предновогодишниот прием што го организираше неговата партија.

Во врска со отстранувањето на новинарите Ахмети нагласи дека медиумите треба да бидат оставени да си ја вршат својата работа, независно од тоа како информираат и дали тоа им се допаѓа или не.

Ахмети не заборави да потсети дека изминатава година забележан е успех во евроинтеграцискиот и евроатланскиот пат на Македонија, додавајќи дека сме се' поблиску до ЕУ.

Изминатава година првиот интегративец ја оцени како успешна за ДУИ, потсетувајќи дека успеале да се изборат за институционално славење на 100- годишнината од албанското знаме. Во позитивен контекст потсети на настанот во Слупчане, кога министерот за одбрана Фатмир Бесими заедно со припадници на АРМ се поклони пред споменикот на загинатите борци на ОНА, по што почна владината криза. Најави многу нови партиски проекти и повика и понатаму да се работи во духот на Рамковниот договор.

На приемот присуствуваше целото партиско раководство, министрите, пратениците и градоначалниците од оваа партија. Забележително беше отсуството на пратеничката Ермира Мехмети-Деваја, која последниов период за успехот, односно неуспехот на евроинтеграцискиот процес на Македонија има различни позиции. (Т.П.)


Статијата е прочитана 3424 пати.


Испрати коментар



Кризата нема да се надмине без дијалог. Единствен излез е смена на власта
Судскиот совет им дава предност на адвокатите за судии
И синот на Црвенковски на барикадите
Даниел Сервер
Николиќ се нуди за медијатор, сите молчат
Духот на мртвиот Гадафи низ Македонија



Mark, 29.12.2012 00:17:33
Eve ova da ti bil rezultatot na vazniot muabet Ahmeti-Volers od zavcera!? Kako SDSM da se ubedi da se vrati vo eftiniot vodvilj narecen Sobranie na Makedonija?! Priznavam deka mi e interesno koi se taktiki ke gi upotrebat Amerikancite da ja relativiziraat gnasotijata sto Gruevski ja napravi a Ahmeti ja otkjute? Se razbira opozicijta treba da e epten *zelena* da se nalepi na ova, zasto ako sega, posle vakvo brutalno ponizuvanje se povlece se znae sto ja ceka - prvo pofalba za *konstruktivnost* a potoa potsmev i uloga na dezuren paljaco!
Buntovnik, 29.12.2012 08:46:06
Koj ke ti predlozi da se sretnam so protivnikot, toj e pacovot, toj e izdaicata na nasata rabota, - mu velese Vito Genovese na svojot advokat. Ahmeti e trnot vo teloto na makedonija. Od ovoj trn nikogas ne mozeme da se otpustime, se dodeka ne go otstranime.
gitler, 29.12.2012 09:21:35
moze da se varti so poznatite metodi na KIm Gru JOng i na ALIALI - si kotek. ce ostanata se dodeka ima glasanje za nekoj kredit. posle pak eden kotek i taka fino ce si funkcionira.
Stojko, 29.12.2012 09:36:40
Твојот начин на демонстрирање го видовме 2001. Можеби не е време и место, ама за тоа никој не пишува, па да споменем и т.н. рамковни вработувања, каде вашите т.н. кадри седат дома и земаат плата. Зошто? Да се задоволи одреден процент, за кој се сомневам дека е точен. А за односот со УСА - вие ги вршите прљави работи за нив и тоа мора да си го одработите.
i ovoj najde da bide olesnuvac !!!, 29.12.2012 10:26:12
Kakva hipokrizija a i od tebe sto e mnogu mnogu ..a bre ti tri dena ne te vidovme vo sobranie. site ovie godini..badijala plata zimas od narodot sram da ti e ..
elvir, 29.12.2012 10:47:52
vo komunizmot veleja para busi kade burgija ne pomaga..ocigledno vmro se raboti kako vo komunizmot pa i site zakoni se komunisticki a ne izramnuvanje so eu zakoni...frlija para vrz ali i eve im stana vazal....
Rinor Xhelili, 29.12.2012 10:55:40
Ahmeti namesto Precedatelot Ivanov kako posrednik na dijalogot pomedju DPMNE-SDSM,e sega se Prasuvam dali imame i Precedatel na Drzava,SIGURNO 100 % NEMAME PRECEDATEL.e pa Zatoa mislam deka Ahmeti treba da go Izbirame za Precedatel na Makedonija.
pile, 29.12.2012 11:34:48
Kakvo toa nezadovolstvo od slucuvanjata vo Sobranieto pokazja DUI i liderot G-din Ahmeti.Koja solidarnost demonstrirase kon svoite kolegi a mozjebi i licni prijateli kako od novinarskata fela taka i od opozicionite pratenici.Kuti si i svirkajsi,se po predvideniot protokol na pazarenje megju DUI i DPMNE, mozje da si nosite odluki kakvi sakate, bilo kade i da nemate nikakva odgovornost.Od Ustavniot Sud do siten konsument na marihuana prethodno uapsen od G-gja Jankuloska, kade ocekuvam maksimalno go osudi nezavisnoto sudstvo rakovodeno od DUI.Ocekuvajte si nagrada za srabotenoto,sega vo januari i funkcijata Drzjaven obvinitel ke Vi bide dadeno, a poposle i potpretsedatel na Drzjavata.Arno ama izumuvate deka ne ste na pust ostrov so liderot na DPMNE i familijata,cel svet ve gleda a i Makedonskite gragjani,nezavisno dali makedonci ili albanci (tie nepokazjuvaat sreden prst kon masite),koi veke ne nasednuvaat na neiskreni govori na politicari zjelni samio za vlast a kako ja praktikuvaat gl
Коста Стоименовски, 29.12.2012 12:20:36
Премиерот и македонскиот дел од двоглавата власт во РМ се мошне „загрижени“ поради бришењето на зборот/придавката македонски во документите на ЕУ и ООН, а „мува не ги лази“ што нивниот коалициски партнер упорно одбива да прозбори на официјалниот јазик во државата! Знам дека студирал во Приштина и дека подолго време престојувал во Швајцарија, така што не мора совршено да го владее македонскиот јазик, но тоа не значи дека треба да го игнорира! Со задоволство би сакал да нагласам дека повеќе пратеници во Собранието на РМ од албанска националност подобро го зборуваат мак. јазик од некои пратеници од македонска националност! На 3 октомври 1972 година отидов на служба во Романија, не знаев ни еден збор, па сепак по неполни 5 месеци со унгарски дипломат кој мошне добро го знаеше романскиот јазик разговорот го водевме токму на овој јазик. Г-динот А. Ахмети е роден во РМ, се школувал во Кичево, а некои негови соученици тврдат дека мошне добро го знаел македонскиот јазик, така што е мошне симп
karokan, 29.12.2012 16:17:54
Не му ли се чини на г-динот Ахмети дека многу полесно тоа ќе го направеше во собраниската сала,ако не дозволеше брутално исфрлување на опозиционерските пратеници и од самата врата ги вратеше назад во пратеничките клупи?????Зошто морал да чека да се создаде овој (според мене) тешко премостлив јаз и,ако е со искрена (без задни намери)желба,така да си ја отежне работата.На тој начин ќе покажеше и храброст и конструктивност,а ќе ги собереше и симпатиите на граѓаните,како политичар на кој навистина му лежи на срце перспективата на земјата.Вака,по налог од некој од надвор,за себе остава впечаток на незрел политичар кој во одреден момент не е во состојба правилно да направи проценка!!!
Ната, 29.12.2012 16:39:15
Овој профитер бил загрижен, да плачеш, загрижен е да не падне владата и тогаш му отидоа тендерите? Ако си загрижен напушти го диктаторот и соочи се со народот.
Atanas, 29.12.2012 19:26:44
DA,DA! Ako Ahmeti e malku civiliziran? Ja pocituva svojata rodna zemja Makedonija i Makedonskiot narod (site koi ziveat vo Makedonija)treba da se obraka na Makedonski a koga e vo svojot dom i bez prisustvo na Makedonci neka zboruva na Albanski. Najiskreno mu predlagam, bez negativno razbiranje.
do pile, 30.12.2012 06:24:07
Ako bese SDS na vlast,e togas ke imase javen obvinitel i potpretsedatel od malcinstvoto,a ne so ovaa vlast.Ahmeti nema sto da inicira koga ima zad nego crno minato koga davase naredbi da se puka po makedonskite vojnici i policajci.
Nikogo, 30.12.2012 08:37:48
Bas mi se smeje, hehehehe. Narodot dole nema sta da jede, poleka ke postaneme kanibalisti, a nasite politicari pravat teatar. Pa site 120 parlamentarci koliko gi ima treba vo edna raketa i pravec Mars. Tamo tie neka se tepat a dole vo drzavata da dojdat novi glavi Toa najpametnoto.
роки, 30.12.2012 16:31:55
Демократскиот капацитет на албанските политичари во Македонија е практично еднаков на нула. Нив не ги интересира ништо друго освен албанската кауза. Спремни се да преминат и преку сите кршења на законите и уставот за да добијат минимален политички профит. Тоа им е одамна јасно на сите нивни досегашни коалициони партнери. Битката за европска Македонија се води исклучиво од еден етникум - македонскиот.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Делумно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: 0°C

Сабота
Локални грмотевици
Макс: 3°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Никогаш не дозволив славата да ми удри в глава
„Дедо ми Иван секогаш ни велеше на нас, внуките: Имајте голема душа и отворено срце за сите. Тоа сум јас“, вели Катарина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |