Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
28.12.2012, 16:40

Николиќ се нуди за медијатор, сите молчат

Македонија повеќе верува во посредништвото на Метју Нимиц отколку во тоа на српскиот лидер

Слободанка Јовановска

Српскиот претседател Томислав Николиќ се понуди повторно да посредува меѓу Македонија и Грција, мотивиран од својата нова политичка филозофија дека сите на Балканот треба да ги решат несогласувањата, бидејќи додека земјите во регионот се заглавени со политичките судири и стојат, сите други отидоа далеку напред. Во интервјуто што го дал за српската агенција „Бета“, Николиќ изјавил дека постојат големи можности да помогне во спорот меѓу Македонија и Грција „околу името на поранешната југословенска република, кој го блокира патот на Скопје кон ЕУ“.

„Отпатував во двете држави и разговарав со претседателите и со премиерите. Спорот е голем и ми се чини дека би можел да биде решен ако и едните и другите сфатат дека со тврдоглаво инсистирање нема никаде да стасаат“, оценил Николиќ, додавајќи дека наскоро очекува средба со грчкиот и со македонскиот претседател, која би можела да биде нивни разговор по подолго време.

„Им кажав и на едните и на другите дека им стојам на располагање. Но, ако бидам замолен да предложам решение, тоа не би било прифатливо само за едните или само за другите, можеби ниту за едните ниту за другите. Балканот повеќе не смее да биде место на судири. Додека ние стоиме, другите отидоа далеку напред“, изјавил српскиот претседател.

Ова е вторпат тој да се нуди за посредник во грчко-македонскиот спор, откако за време на својата официјална посета на нашата земја, непосредно откако беше избран, ги понуди своите политички услуги за името, но тогаш не' нарекуваше Република Македонија, а не БЈРМ или Скопје, како што сега стои во интервјуто. Изјавите на Николиќ тогаш, со кои правдата ја стави на страна на Македонија, предизвикаа остри реакции на Атина, која Србија ја гледа како свој традиционален партнер, и покрај тоа што Белград одамна го призна уставното име на нашата држава.

Во домашните политички кругови негираат дека работите околу спорот се движат во ваков правец и дека воопшто е договорена некаква средба на лидерите на Грција и Македонија или на Николиќ со нив, што би претставувала пробив околу името. Напротив, се' е исто освен што ова е вторпат српскиот лидер да се нуди за медијатор, а од Атина и од Скопје има само официјален молк. Во интервјуто Николиќ соопшти дека работи и со хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ на пеглање на проблемите со Загреб, а идната година 2013 ја најави и како година на можно историско помирување со Унгарија - така што двете земји ќе се извинат една на друга за жртвите што ги направиле во историјата. „Уште Србите да се смират меѓусебно, и се' ќе биде добро“, порачал Николиќ во интервјуто на добра волја на регионално ниво.

Во Македонија сепак повеќе надеж се полага во посетата на медијаторот на ОН, Метју Нимиц, кој на 8 јануари ќе престојува во Атина, а два дена подоцна и во Скопје и околу која веќе се шпекулира дека ќе резултира со нов предлог. Нимиц има задача да ги забрза преговорите меѓу Скопје и Атина поради најавениот извештај на ЕК пред самитот на лидерите во јуни, односно многу порано, но деновиве се актуелизираше дилемата колку всушност ќе биде продуктивна и ефективна неговата посета кога целото наше политичко досие се најде под прашалник со насилните настани во парламентот и бојкотот на опозицијата.


Статијата е прочитана 880 пати.


Испрати коментар



Кризата нема да се надмине без дијалог. Единствен излез е смена на власта
Ахмети ќе ја враќа опозицијата во Собранието
Судскиот совет им дава предност на адвокатите за судии
И синот на Црвенковски на барикадите
Даниел Сервер
Духот на мртвиот Гадафи низ Македонија



zike, 29.12.2012 10:50:08
ovoj covek koga dojde na vlast otvoreno kaza nema vrska za makedonskata istorija ..i sega toj saka da posreduva?pa da bese sposoben ce resese so kosovo...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Магла

Четврток
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -3°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: 0°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (43)
Дилемите по шлаканицата.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |