Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
01.01.2013, 16:36

Опозицијата ја одби поканата на премиерот за враќање во парламентот

Во опозицискиот СДСМ сметаат дека Владата со своето однесување покажала дека нема капацитет за организирање фер и демократски избори

Љубиша СтанковиЌ



Премиерот Никола Груевски во своето новогодишно обраќање ја повика опозицијата да се врати во парламентот и да земе учество на локалните избори напролет. Но, ваквата понуда вчера експресно ја одбија социјалдемократите, со образложение дека тоа ќе остане само пуста „новогодишна желба“ на премиерот, а учеството на изборите ќе зависи од тоа дали изборниот законик ќе биде променет во согласност со препораките на ОБСЕ/ОДИХИР и со прочистен избирачки список.

Крајно исполаризираните ставови, кои се дојдени на ниво на исклучивост, уследија по настаните кои се случија во републичкото Собрание, на 24 минатиот месец, а за кои случувања ВМРО-ДПМНЕ има свое, а СДСМ сосема поинакво видување.

Имено, во обраќањето на премиерот Никола Груевски, кое доаѓа на само петнаесетина дена пред распишување на локалните избори, вината за последните настани се лоцира на контото на опозиција. Тој потенцираше дека крајот на годината донел голема непријатност и тежок ден за Македонија и оти постоел неуспешен обид за заземање на Собранието.

„Пред неколку дена беше спречен обид за насилно заземање на парламентот и погазување на волјата на гласачите од последните парламентарни избори, од пред година и пол. За среќа, иако со последици за угледот на државата, Македонија не дозволи уривање на долго градената демократија и легитимно избраната власт на слободни и фер избори, ниту пак блокирање на земјата и штети врз граѓаните со неизгласување на буџетот“, рече Груевски во своето новогодишно обраќање и додаде дека: „носителите на овој недемократски чин имаат шанса да повратат дел од загубениот углед на земјата доколку набрзо се вратат во парламентот и учествуваат на следните локални избори, кои мора и ќе бидат како и претходните фер, слободни и демократски“.

Како што сега стојат работите, желбите и заложбите на премиерот Груевски ќе останат само желба, доколку се следат изјавите кои доаѓаат од таборот на најголемата опозициска партија.

„Премиерот Груевски може да има какви сака новогодишни желби. Ние, во повеќе наврати, кажавме дека на избори може да се оди само со променет изборен закон и со пречистен избирачки список, според препораките на ОБСЕ и ОДИХР“, ни изјави потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев.

Пренесувајќи го ставот на СДСМ, Георгиев вели дека по настаните од 24 декември, Владата само го покажала своето насилничко однесување и затоа тие не веруваат дека оваа Влада е подготвена да организира фер и демократски избори. Имено, за СДСМ, случувањата во и пред самото Собрание, се доволен мотив нивните пратеници повеќе да не учествуваат во неговата работа. Всушност, во СДСМ остануваат на тоа дека тие својот револт за случувањата и натаму ќе го изразуваат со улични протести, но не ја исклучуваат и можноста протестите да добијат некаква нова форма.


Статијата е прочитана 2264 пати.


Испрати коментар



Бесими и Котески на различни страни за воениот рок
Васил Пишев го откажа интервјуто
Интервју - Зоран Заев Локалните избори зависат од власта
Новогодишни обраЌања на државниот врв
МВР не нашло прекумерна употреба на сила врз новинарите



oceski, 02.01.2013 01:36:01
neznam zasto premierot ja povikuva opozicijata da se vrati vo parlament. Prvo toj ne e pretsedatel na sobranie, toa treba veljanoski ili pretsedatelot na drzava da go napravi. A kako vtoro, posto toj rakovodi so izvrsnata vlast a so toa znaci i so policijata, pa kako sto naredi nasilno da gi isfrlat od sobranie opziciskite pratenici , moze da i naredi na janka so lisici da gi privede site opoziciski pratenici i gi donese vo sobranie, za da izgleda deka e se demokratski neli-da vidi svetot i evropa deka vo makedonija ima demokratija. Nisto cudno za drzava kako makedonija, neli. vaaka premierot mi deluva licemerno i deplasirano
Nekoj chuden premier, so ushte pochudni metodi., 02.01.2013 02:05:19
Premierot vo svojata samobendisanost i poltronsko opkrozuvanje, ja zagubil sekoja realnost so ovozemaljskiot svet. Koj moze da se vrati po ona surovo isfrluvanje, pa duri i pri priznavanje na greshkata i kultirno izvinuvanje, a kamoli pri prodolzuvanje so drskosta i bezobrazlukot. I se e nekoj drug kriv, nikako toj, pa i koga ja zemashe kartichkata na Jordanovski (toa beshe patriotski chin). A da go nego togaj isfrlea taka? Neprijatno i nezgodno e na premier da mu se upatuvaat grdi zborovi i epiteti, ama neminovno se nametnuva prashanjeto, dali e pri zdrava pamet?
analiticar, 02.01.2013 06:49:20
dopisnickata na alzezeira od skopje ubavo objasni;ova sto se slucuva e demokratijata pocnata od samiot crvenkovski a sega gruevski e usovrsuva.
пријател, 02.01.2013 08:23:44
Сега треба да очекуваме протести против опозицијата затоа што не сака да се врати во Собранието.
devicanecot, 02.01.2013 08:26:48
Сегашната опозиција се однесува ама баш исто како кога беше на Власт во периодот од 2002 до 2004 година. Сепак треба самата да направи анализа, што значи да си на Власт, а што значи да си во опозиција!
Stipjanec, 02.01.2013 08:59:17
Vo nekoja si drzava imalo eden Drzavnik koj sakal da vovede najgolema Demokratija vo svojata zemja, na koja ke i zaviduva celiot svet. Normalno, site normalni luge ke ja prifatat ovaa doktrina na Vladetelot, pa koj ne saka Demokratija, i toa uste NAJGOLEMA! No, ako nekoj slucajno se sprotistavi kon voveduvanjeto na ovaa svetska demokratija, ke bide so SILA ubeden da ja prifati. Ne moze poedinci da ja rusat DEMOKRATIJATA, koja e prifatena od narodot i priznata od celiot svet. A moze li da opstoi demokratijata (pa makar bila i najgolema) bez opozicija? Pa sigurno deka ne moze! Zatoa taa Demokratija ima opozicija-SSRNM na Singo i AFEZETO na Liljana. Ajde site na izbori vo Prolet, koj ke gi organizira Narodniot Front na taa nekoja si drzava.
Трпе, 02.01.2013 10:24:24
Со ваква способна самобендисана власт нема потреба од опозиција.Одлично си ја вршат работата со скапите реклами.Грујо и фамилијата да си ги избереме за доживотни владетели.Во Европа и светот се носат штедливи буџети а нашата власт се луксузира со расфрлање народни пари.Лесно е да се расфрлаш со туги пари кога ти лично нема да ги враќаш.Но ваков народ ова го заслужува а можеби му е и малку.Власта го тера на овој народ и кога му се плаче да се смее.
ZOKI, 02.01.2013 10:50:55
SEGA SITE NA PROTEST PRED OPOZICIJATA !
gragjanin na RM, 02.01.2013 11:48:39
Samo edno ne mi e jasno kako grajganin,zosto Vladata ima dva arsina za eden isti nastan vo Sobranieto.Ako delovnikot predviduva razgleduvanje na site podneseni amandmani za nekoj zakon ili donesuvanje na budzetot,taka mora i da bide i nema mesto za raznorazni manipulacii.Dodeka pri donesuvanjeto na budzetot bea ignorirani amandmanite na opozicijat,toa ne bese storeno so zakonot za branitelite koj seuste e vo procedura za da se razgledaat 15000 amandmani i nikomu nisto.Da ne zboruvame za toa deka pratenicite na opozicijata bea isfrleni kao kuferi od Parlamentot so primena na sila.!!??
Od Mene do Vas, 02.01.2013 12:17:47
Aj odbijte plata da zemete ?
seriozen tip, 02.01.2013 12:30:39
mnogu seriozno da se svati povikot na grujo. toj ne zbora dva pati. koga cuti e opasen, a koga ne cuti e uste poopasen. ce jadat pak kotek, taka mi mirisa. vaka ce se vratat, ce posedat malku, a koga ce se glasa za zadolzuvanje pak ce gi izmesi. ete Kim Il JOng povika da se obedini korea. Gru Jong Trt ce ja dorazedini makedonja . kako vo balkanskite vojni. brat-protiv brat.
Itar Pejo, 02.01.2013 14:39:50
Ima edna mariovska pogovorka: Koga kuceto ce se nauci na kasapnica ... Premierot pod hitno ja vika opozicijata zatoa sto opozicijata saka da tepa. Ako nedojdat rada i Vesna ce trena da ja tepaat Boneva. Teuta i Mermira ne smeat, neli FELIX? Alo, FELIX, alo, kogo ce tepaat?
Pejo Zbunetiot, 02.01.2013 15:33:55
Se izvinuvam za lapsusot. Vo porakata od Itar Pejo treba da pisuva ... zatoa sto OBEZBEDUVANJETO saka da tepa ....
Leviot, 02.01.2013 19:20:58
Opozicijata ne e malo dete prvin da go natepas pa posle da mu dades bomboncinja za da se smiri. Gruevski i ponatamu ne pokazuva cuvstva za iskren dijalog toj si go gleda rejtingot samo toe mu e vazno.
ivan, 02.01.2013 20:10:24
do koga kese spravuvame kojegavol koj e svetec site trcaat po vlast zosto od zal za narodot sto nemal demokratija golemi borci za demokratija i za stolicata na veljanovski prvo treba da dokazite dka ste pozdreli od ovie navlast a nedae brukate makedonija za svetov dane misli deka vo makedonija ziveat covekojadci i site vo parlamentot se sviraci sednete i preslikajtese i izvinetese na makedonskiot narod ili zaminete zasekogas
Felix, 03.01.2013 01:19:32
Grujo podnesi OSTAVKA spasi ja Makedonija.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 2°C, Мин: -7°C

Вторник
Сончево
Макс: -1°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |