22 МВР не нашло прекумерна употреба на сила врз новинарите
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
01.01.2013, 16:36

МВР не нашло прекумерна употреба на сила врз новинарите

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, по спроведена интерна истрага, констатирало дека во Собранието немало прекумерна употреба на сила. Наодите од истрагата СВКПС ја достави до Здружението на новинарите.

„Претставката на ЗНМ за прекумерна употреба на сила кон новинарите за време на случувањата во Собранието, при носење на буџетот, е неоснована“, се вели во заклучокот СВКПС, кој информира дека интерната истрага траела шест дена, колку што било потребно за преземање на сите мерки и активности за документирање на случајот. Имено, во тие шест дена биле извршени службени разговори со сите инволвирани, а се гледале и материјалите кои им биле доставени. Секторот за внатрешна контрола извршил анализа на оригиналните материјали од безбедносниот видеонадзор во Собранието, како и во снимените материјали од неколку медиуми.

„Од увидот во целокупниот видеоматеријал, како и од извршените разгово��и, не може да се констатира прекумерна употреба на сила или пречекорување на овластувањата. Напротив, постапувањето на полициските службеници е во согласност со Законот за Собрание, Законот за полиција, Кодексот на полициската етика и подзаконските акти“, се вели во известувањето на СВКПС и се наведува дека случајот ескалирал поради нарушувањата на редот предизвикан од група пратеници кои сакале да се пресметаат со претседателот на Собранието на РМ.

За новинарите кои известуваат од македонскиот парламент, според СВКПС, постоела процена „дека треба да им се укаже да ја напуштат салата се' до создавањето услови за нормално работење на Собранието и почнувањето на седницата“.

Внатрешната контрола утврдила дека само малкумина од новинарите се конфронитрале со собраниското обезбедување и дека тие биле во комуникација со пратениците кои веќе го нарушиле редот. (Љ.С.)



Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |