04.01.2013, 11:55 Пато се враќа во Бразил, ќе игра за Коринтијанс
Според италијанските медиуми, Милан од продажбата на Пато ќе заработи 15 милиони евра
Бразилецот Александре Пато го напушта Милан и се враќа во својата татковина. Младиот напаѓач е нов играч на свесткиот клупски фудбалски првак Коринтијанс.
Според италијанските медиуми, Милан од продажбата на Пато ќе заработи 15 милиони евра. Трансферот се очекува да се официјализира деновиве откако ќе се завршат сите формалности.
Пато кариерата ја започна во Интернационал во 2006 година, а по одличните прикажани партии по доаѓањето во Милан 2007 година, последните три сезони имаше големи проблеми со повреди и повеќе беше надвор од теренот или на клупата за резерви, отколку во првиот состав.
23-годишниот напаѓач, по шест години поминати на европскиот континент се враќа во Бразил со желба да ја врати добрата форма и да се избори за место во репрезентацијата пред настапот на Светското првенство 2014 година кое ќе се одржи токму во Бразил.
|