03.01.2013, 13:05 „Фенерџијата“ подобар од европскиот првак
Квинс Парк Ренџерс направи сензација со победата од 1:0 на гостувањето кај Челзи во 21. коло
Она што се чинеше дека ќе биде лесна задача за Челзи се претвори во кошмар откако „сините“ загубија на домашен терен од последниот тим во Премиер лигата Квинс Парк Ренџерс. Лондонскиот клуб кој последните три кола беше маестрален доживеа класична шлаканица и тоа од екипата која досега немаше победа на гостински терен и која не знае за триумф на „Стемфорд Бриџ“ повеќе од три децении. Фудбалерите во сино како да заборавија дека не треба да влегуваат опуштено на ниту еден натпревар па си заработија пораз кои драстично ги оддалечи од шампионската титула. Шон Рајт-Филипс кој е поранешен играч на „сините“ ги легна на колена скапоплатените ѕвезди на Челзи со погодокот во 78. минута за триумф на КПР од 1:0.
Од друга страна четата на Хари Реднап барем за малку ја поправи ситуацијата во своите редови и сега со поголема самодоверба ќе атакува кон местата кои обезбедуваат останок.
И покрај тоа што по 21 коло Челзи е на четвртата позиција зад Тотенхем, Манчестер сити и водечкиот Манчестер јунајтед предводникот Рафаел Бенитез не се откажува од титулата.
„Не би сакал прерано да зборувам за титулата, но сега сме во ситуација во која што не смееме да си дозволиме нови грешки. Одиме постепено, од натпревар во натпревар и ќе видиме што ќе се случи“, изјави по мечот Бенитез кој на мечот против КПР направи неколку измени. Од почетокот не играа Рамиреш, Хуан Мата и Еден Азар. „Беа уморни, но не жалам поради ротацијата, не е возможно едни исти играчи постојано да бидат на теренот. Кога играте против екипа од дното на табелата мора да имате доверба во секој од нив. Немавме прецизни додавања, грешевме, а противникот го искористи тоа“, заклучува Шпанецот.
Во преостанатите средби Ливерпул убедливо го совлада Сандерленд со 3:0, а додека Њукалс на домашен терен загуби од Евертон (1:2).
Во Сити се служат со измами
Пред почетокот на натпреварот меѓу Манчестер Сити и Стоук е забележан необична слика. Работниците на стадионот Етихад ги поместиле рекламните паноа кон аут линијата, веројатно во желба да го намалат просторот за изведување на аутите. Фудбалерите на Стоук се познати по доброто уфрлување на топката од аут-линијата, а тоа, најверојатно, е причината за овој потег од Сити.
|
Статијата е прочитана 497 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
И ДПМНЕ нека научи нешто..., 03.01.2013 17:27:11 | И ДПМНЕ може да научи дека и аутсјдери може да му ги побркаат сметиките...Ете, никој не е претплатен на победи ако има СУДИИ и ПУБЛИКА. Кога се прави зад Затворени врати и без публика ( опозиција) се прави што се сака...НО СИТЕ ГУБАТ! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Претежно облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C
|
Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|