04.01.2013, 17:30 Почна пријавувањето за Водици
Почна пријавувањето за учество во традиционалната манифестација која се одржува на Водици. Во дневниот весник „Нова Македонија“ веќе излезе првиот купон со кој заинтересираните граѓани можат да го пријават своето учество на големиот народен собир што ќе се одржи в сабота на 19 јануари на големиот христијански празник Богојавление, кога во водите на Вардар ќе биде положен осветен крст.
Настанот се одржува со благослов на Македонската православна црква -Скопска епархија, која ќе го организира верскиот дел од манифестацијата.
Положувањето на крстот ќе го изврши поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, од мостот кај „Холидеј ин“. За таа цел ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на тој дел од градот. Со оглед на големиот интерес од минатата година, се очекува присуство на над 30 илјади граѓани. Според верувањата, оној што ќе го фати крстот цела година ќе има среќа, здравје и благосостојба. (С.Р.) |