04.01.2013, 17:07 Пандев ја пречекува Рома во дербито на Серија А
По двонеделна пауза продолжуваат дуелите во италијанската Серија А, а мечот кој се очекува да го одбележи 19. коло се игра во Неапол, каде што домашниот Наполи ја пречекува екипата на Рома. Наполи, каде што игра и македонскиот репрезентативец Горан Пандев, на лош начин ја заврши 2012 година, губејќи на четири од последните пет меча. Избраниците на тренерот Валтер Мацари се надеваат дека во старата година ја оставиле лошата форма и дека во првиот меч од новата година ќе ги покажат вистинските квалитети кои ги поседуваат. За разлика од Наполи, Рома според последните резултати е во одлична форма, победи на седум од последните осум меча во сите натпреварувања.
Актуелниот првак Јувентус на свој терен ја пречекува Сампдорија. „Старата дама“ е во низа од шест победи, додека Сампдорија има седум порази во последните 10 кола, по што падна во долниот дел од табелата. Интересно се очекува да биде и во Удине каде што домашниот тим го пречекува Интер, а дод��ка Милан е апсолутен фаворит против Сиена. „Росонерите“ кои најавија дека во 2013 година ќе играат многу подобро отколку во досегашниот дел од сезоната, тоа ќе треба да го докажат против Сиена која е во серија до четири порази.
Двојки 19. коло (сабота): Катанија - Торини, Лацио - Каљари. Недела: Удинезе - Интер, Милан - Сиена, Џенова - Болоња, Јувентус - Сампдорија, Парма - Палермо, Фиорентина - Пескара, Киево - Аталанта, Наполи - Рома. |