22 Бадникарски собир пред Соборниот храм
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.01.2013, 17:29

Бадникарски собир пред Соборниот храм

Со нафора, чај, топла ракија, со осветување на бадниковите гранчиња и подигање на бадниковото знаме, в недела 21. пат пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ се организира традиционалниот Бадникарски собир. Прославата почнува во 10 часот со благослов и сечење на кумовата погача, по што на присутните ќе им се обратат поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, и новите здравичари, Влатко и Силви од „Силви бенд“, кои се и исполнители на Бадникарската химна. Прославата ќе кулминира со предавање на Бадниковиот ќуп, кој г.г. Стефан ќе му го предаде на годинашниот кум, скопскиот бизнисмен Даниел Воиновски. Сите присутни граѓани ќе можат да се послужат со погача и топла ракија и да си земат осветено бадниково гранче. На крајот, во 13 часот кумот ќе си замине со пајтонот што веќе стана препознатлив заштитен знак, потсетувајќи на старите скопски времиња. (Б.Ш.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |