04.01.2013, 15:40 Ќе извезуваме и медицински радиоизотопи
Македонското здравство освен што ќе го добие пет скен - најсовремен и најпрецизен апарат за откривање на ракот на ниво на клетка, ќе добие и циклотрон кој ќе произведува радиоизотопи за наши потреби, но и за потребите на другите пет скен апарати во регионот.
„Од Истанбул до Виена нема ниту еден пет скен центар кој произведува радиоизотопи. Ние ќе бидеме единствени и ќе ги извезувам во регионоте„, потенцира министерот за здравство Никола Тодоров кој денеска го најави тендерот за избор на компанија која ќе го гради центарот.
Целиот проект ќе чини 10 милиони евра, а објектот кој треба да почне да се гради од мај годинава ќе биде сметен во дворот на бившата Воената болница. Зошто ни требаа циклотрон, кога и побогатите земји не го набавиле, Тодоров не одговори но рече дека бенефитот од овој апарт што ракот ќе може да се открива во многу рана фаза.
На проектирање на центарот работата цела екипа консултанти од Англија, Франција, Ирска, како и една турска компанија. Колку не чини нивниот ангажман, Тодоров не презицира, туку само рече дека е дел од тие 10 милиони евра. (Ј.Ј.В.)
|