03.01.2013, 10:08 Промоција на нови 79 двокатни автобуси
Нoви 79 двокатни автобуси за градскиот сообраќај и за панорамско разгледување ќе бидат промовирани денеска во Скопје.
На промоцијата на автобусите, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
Од кинескиот производител „Јутонг“ за ЈСП Скопје беа нарачани 202 двокатни автобуси, а досега се испорачани 136 автобуси од кои два се панорамски. |