Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
03.01.2013, 16:48

Две години условно за штипскиот кандидат за градоначалник од СДСМ

Основниот суд во Штип донесе решение со кое го товари Здравко Коцев за злоупотреба на функцијата директор во 2006 година


ИВАН БОЈАЏИСКИ



Штип – Кандидатот за градоначалник на Штип од редовите на опозициската коалиција, Здравко Коцев, е осуден условно на затворска казна во траење од две години. Казната ќе се реализира во случај ако Коцев во наредните три години направи ново кривично дело. Решението кое го донесе судијката од Основниот суд во Штип, Јулијана Неткова, се' уште не е правосилно и осудениот има право на жалба. Коцев се товари за злоупотреба на функцијата директор на ЈП „Исар“ во делот на јавните набавки за реновирање на бањата „Кежовица“.

Во градот под Исарот оваа пресуда повеќе се става во политички отколку во правен контекст. Особено поради времето на нејзиното изрекување, три месеци пред локалните избори на кои Коцев ќе учествува во битката за градоначалник на регионалниот центар на истокот.

„Информиран сум за пресудата, но се' уште ја немам добиено и не можам да ја коментирам. Знам само дека се работи за тужба поднесена уште во 2006 година од Јавното обвинителство, а по барање на СВР - Штип и тогашниот началник Ѕвонко Каширски. Не знам зошто на судот му беа потребни цели шест години за да донесе пресуда и тоа токму пред локалните избори, сега кога сум опозициски кандидат за градоначалник. Засега не сакам ништо да коментирам“, вели Коцев.

Борче Цеков, шеф на изборниот штаб на Коцев, смета дека се работи за одлука со политичка заднина. „Актуелната власт се плаши од нашиот кандидат и ги употребува сите механизми да го девалвира неговиот углед во јавноста. Секому му е јасно дека е во прашање одлука донесена од дневнополитички потреби, а не за да се штити законот. Кога нашиот кандидат ќе ја добие пресудата, ние, како негов изборен штаб, ќе го кажеме своето“, ни изјави Цеков.

Во 2006 година Здравко Коцев доби кривична пријава за злоупотреба на функцијата директор на ЈП „Исар“ во делот на јавните набавки за реновирање на познатата бања „Кежовица“. Пријавата го товареше дека набавките ги правел на делови, а не како целина, што било кривично дело според Основното јавно обвинителство.

„Ангажираните вештаци докажаа дека во овој случај не постоела никаква злоупотреба и секој денар бил потрошен за намената за која бил вложен. По ова, Основниот суд донесе ослободителна пресуда, на која поднесе жалба Основното јавно обвинителство, па предметот се најде пред Апелацискиот суд во Штип. Тој го врати предметот на Основниот суд на повторно разгледување и тогаш судијката Неткова, која прво донесе ослободителна пресуда, ми ја изрече условната затворска казна. Сигурно е дека ќе се жалам, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите во иднина“, вели Здравко Коцев.

Стојан Михов, судија во Основниот суд во Штип, кој е и портпарол, официјално ни ја потврди пресудата. „Апелацискиот суд оценил дека постојат нови докази во овој случај и го вратил делото на повторно одлучување. Точно е дека налог за истрага е даден во 2006 година, но процесот се одолжил зашто не се работи за лесен предмет, бидејќи истражниот судија дошол до нови сознанија, па за утврдување на фактичката состојба требало повеќе време. Врз основа на новите сознанија, на Здравко Коцев му е изречена условна казна затвор од две години. Одлуката е донесена во ноември минатата година и таа нема никаква врска со политиката, бидејќи судот работи врз основа на факти“, вели Михов.

Граѓаните на Штип сега се прашуваат дали со ваквата судска одлука не се суспендира кандидатурата на Коцев за градоначалник. Бидејќи, според член 7 од Изборниот законик, кандидат за пратеник, член на Советот и градоначалник не може да биде лице осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор во траење над шест месеци, а чие издржување се' уште не е започнато. Согласно со овој закон, за Коцев не постои законска пречка со која неговата кандидатура за градоначалник би била невалидна. Без оглед дали опозицијата ќе остане на ставот дека нема да учествува на мартовските локални избори, во Штип се цени дека носењето ваква судска одлука на нецели три месеци пред изборите е лоша порака за нашата судска власт.


Статијата е прочитана 2943 пати.


Испрати коментар



Три лица убиени во престрелка во Аурора
Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
Билт - ЕУ опстана и покрај најавите за распаѓање
Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти
До 24.000 денари месечно за студирање на децата без родители
Шестмина Руси загинаа на моторна санка на Алпите
Мексикански претскажувач - Чавес ќе почине до април, нова војна на Блискиот Исток
Коледарските огнови го најавуваат Рождеството Христово
Скопјани традиционално 21. пат заеднички ќе го прослават Бадник
ДУИ ги откри кандидатите за локалните избори
Божикно обраќање на поглаварот на МПЦ, Стефан до верниците
„Стандарт“ - Самарас кај Борисов заради Македонија
Владика Петар
Почна пријавувањето за Водици
Бадникарски собир пред Соборниот храм
Британски „Сан“ со реклама ги брани Фокландите
Финализиран договорот за новата сала „Јане Сандански“
Царината лани наплати повеќе средства од планираните
Ќе извезуваме и медицински радиоизотопи
Во вторник вонредна седница на Централниот одбор на СДСМ
Депонијата Дрисла ќе се модернизира
Девојка падна од прозорец, додека била на забава во Штип
ДПА ќе оди на избори
(ФОТО) Пожар во салата на КК „Работнички“
ЕУ повика да се смират страстите во Македонија
Вељаноски - Револтиран сум од обидот за злоупотреба на моите деца
Чавез се` уште тешко дише
Нимиц, сепак, ќе донесе предлог
Ослободен поранешниот началник на турскиот Генералштаб
Владата ги зголеми ученичките стипендии
Даниела Темелкова в.д. директор на Државниот студентски центар „Скопје“
Брамерц - Останаа злосторствата и страдањата на жртвите
Г.г. Стефан - МПЦ бара само да биде препозната како автокефална Црква
Џон Бојнер реизбран за претседател на Претставничкиот дом на САД
Вашингтон вознемирен за посета на шефот на „Гугл“ на Северна Кореја
Кога може да се пријавите за „Купи куќа, купи стан“
Почна одбројувањето за визите
Фалсификатите ни доаѓаат од Кина, Турција и Бугарија
Стаса последната тура двокатни автобуси
Геронтологија „13 Ноември“ комплетно реновирана до февруари
„Балкан енерџи“ сака да инвестира и во „Чебрен“ и „Галиште“
Утврден идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во Охрид
„Шведски демократи“ против муслиманскиот наталитет
Обама потпиша - суперданок за супербогатите
Декември рекорден по продажби на огнено оружје во САД
Продолжува „сечата“ на генерали во Турција
Владата ќе гради 474 социјални станови
Третина плата за пратениците кои бојкотираат
Градоначалникот на Гази Баба го посети првото новороденче во 2013
„Шведски демократи“ бараат ограничување на наталитетот меѓу муслиманите
Промоција на нови 79 двокатни автобуси
Над сто лица починаа од студ во индиската држава Утар Прадеш
Ал Џезира го купи кабелскиот канал на Ал Гор
Хилари Клинтон ја напушти болницата
Протести на Сојузот за иднината



Зевзекмен, 03.01.2013 21:24:06
ова ќе се расчисти, но што стана со оној градоначелник од Кумановско, што згази човек и избега ????
Tajming, 03.01.2013 23:50:03
Koj povece ke veruva vo ovaa sudstvo i na ovaa vlast? Biva li da se tolku mizerni?
до Стојан Михов,судија и потпарол, 04.01.2013 09:39:41
Што си ти? Судија или политичар? Ако си судија треба да зборуваш како судија, дали нешто има врска со законот или нема. А тоа дали нешто има врска со политиката, остави го на политичарите.
liki, 04.01.2013 09:48:00
kako shto trgnala rabotata ushte malku ke pochneme da dobivame i uslovno vozduh za dishenje, pa onie shto imaat pogolem kapacitet na belite drobovi ke ostanat da se soochuvaat so novi i novi prepki od ovaa vlast.
jana, 04.01.2013 10:40:36
Koj gresil neka odgovara pred sud. Sto se odnesuva za ovoj, redno vreme bese da si ja dovie kaznata. Sest godini cekal, a za toa vreme, dzipot mu vrti niz grad...od kade mu pari, neli e nevraboten, neli nema firma poveke?...dzipot na sto mu vozi, na voda...poznat e kako siledzija, toa sto go napravil toa i si go dobil...nema potreba da se gleda niz partiska prizma, site koi napravile kriminal, vlast ili opozicija da si go dobijat svoeto...
od ostrijot, 04.01.2013 11:32:49
nebime zacudilo ako site kandidati za gradonacelnici od redovite na SDSM do mart dabidat osudeni.
Bukefal, 04.01.2013 11:49:06
Лелееееее, ова судствово само си докажува и докажува дека е продолжена рака на АЈДУЧКАТА партија на власт ДРПМНЕ, срамота...! Да се смени власт сите судии ќе треба да поминат низ филтер, не може земјава повеќе вака да ни се движи..!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |