Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
03.01.2013, 13:29
Клиперси тргнаа во погрешен правец!



Тимот од Лос Анџелес го запиша вториот пораз во серија откако на гостувањето кај Голден Стејт беше поразен со 115:94

Откако со 17 победи во низа го срушија клупскиот рекорд, Лос Анџелес Клиперс малку „издишаа“ и го запишаа вториот пораз во серија. Новиот удар за тимот од „Градот на ангелите“ дојде на тешкото гостување кај Голден Стејт, фаворизираните гости ги совлада со убедливи 115:94.

Централна фигура на теренот беше Стивен Кари со 31 поен (6/8 за три поени) и осум асистенции. Добра игра прикажа центарот на домашниот состав Дејвид Ли, запиша 24 поени, 13 скока и седум асистенции.

На другата страна Џамал Крафорд со 24 и Крис Пол со 23 поени беа подобри од останатите соиграчи.

Бранител��т на круната, Мајами имаше уште една тешка вечер. За победа над Далас (119:109) на „жешките“ им беше потребно продолжение во кое главниот збор го имаше тандемот Леброн Џејмс - Двејн Вејд.

„Кралот“ пружи феноменална партија, застана на 32 поени, 11 скока и девет асистенции, а додека Вејд запиша 27 поени и десет скока.

До продолжението гостите дојдоа благодарение на Дирк Новицки кој преку својот каратеристичен скок-шут го однесе мечот во продолжение. А таму на сцена настапи тимот од Флорида, овој дел го реши со 16:6 за 22 победа во сезоната.

Лидерот на Западната конференција Оклахома претрпе изненадувачки пораз на домашен терен и тоа од Бруклин (93:110). Мечот беше толку динамичен за што говори крајниот резултат, на кратко кажано Тандерси им дозволија на гостите да ги „разнишаат“ целосно уште во првото полувреме (55:32), а во продолжение и покрај тоа што успеа да израмнат на 85:85 немаа решение за одличниот Џо Џонсон и неговите 33 поени.

Покрај Џонсон добро одигра Брук Лопез со 25 поени и Дерон Вилијамс со 19 поени и 13 асистенции.

Кевин Дурант со 27 поени поради приговор кон судијата доби техничка грешка поради што мечот го заврши порано.

„Сметав дека судиската одлука беше погрешна и затоа реагирав. Судиите имаат низок ранг на толеранција, мислам дека имам целосно право да биде фрустриран, да покажам емоции, тоа е кошарката“.

Резултати: Индијана - Вашингтон 89:81, Торонто - Портланд 102:79, Кливленд - Сакраменто 94:97, Орландо - Чикаго 94:96, Мајами - Далас 119:109 (прод), Бостон - Мемфис 89:93, Хјустон - Њу Орлеанс 104:92, Милвоки - Сан Антонио 110:117, Оклахома - Бруклин 93:110, Феникс - Филаделфија 95:89, Јута Џез - Минесота 106:84, Голден Стејт - Лос Анџелес Клиперс 115:94.



Статијата е прочитана 327 пати.


Испрати коментар



Победа за Антиќ, пораз за Мекејлеб
Клиперси го добија градското дерби со Лејкерси
Бадников оган „ќе гори“ и во „Борис Трајковски“
Пандев ја пречекува Рома во дербито на Серија А
Челзи го претстави голгетерот од Њукасл
Ефремов најдобар атлетичар за 2012
Швеѓанката Еклунд за малку ќе си го пресекла вратот со скија
Полицијата ги идентификува расистите кои го навредувале Боатенг
Никси без милост кон „мамузите“
Пато се враќа во Бразил, ќе игра за Коринтијанс
Хасани на трансфер-листа во Волфсбург
Полска не стравува за Пипан
„Сеча“ на носители во второто коло во Доха
„Фенерџијата“ подобар од европскиот првак
Ракометарите комплетни во Ниш

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Никогаш не дозволив славата да ми удри в глава
„Дедо ми Иван секогаш ни велеше на нас, внуките: Имајте голема душа и отворено срце за сите. Тоа сум јас“, вели Катарина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |