Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
03.01.2013, 15:46
Полска не стравува за Пипан



Од Полската кошаркарска федерација потврдуваат дека Словенецот останува нивен селектор

Алеш Пипан на кормилото на македонската кошаркарска репрезентација е одлично решение, но засега тешко остварливо. Иако пред неколку дена Словенецот потенцираше дека не ја исклучува можноста да го предводи нашиот национален тим, сепак од Полска стигаат поинакви информации. Земјата каде што Пипан е се' уште актуелен селектор не е загрижена за тренерското место на репрезентацијата за претстојното Европско првенство во Словенија.

Во интервју за полски „Спортски факти“ првиот човек на тамошната кошаркарска федерација Гжегорж Бахански изјави дека со Пипан работите се одвиваат непречено и дека полека се крои програмата за подготовките за евробаскетот.

„Разговарав со Алеш Пипан, сите клучни прашања за репрезентацијата се одвиваат лесно. Националниот состав е работа за која се потребни двомесечни подготовки. Планот за Европското првенство се одвива непречено и покрај тоа што Пипан пред два замина во Скопје каде што е тренер на МЗТ Скопје. Постојано сме во контакт за организацијата и состојбата на кошаркарите на нашата репрезентација. Заедно се обидуваме да го најдеме вистинскиот рецепт за полската кошарка“, вели претседателот на ПКФ, Гжегорж Бахански.

Селекцијата на Полска на евробаскетот во Словенија за противник ги доби домаќинот, Шпанија, Хрватска Грузија и Чешка. (М.К.)

Статијата е прочитана 552 пати.


Испрати коментар



Победа за Антиќ, пораз за Мекејлеб
Клиперси го добија градското дерби со Лејкерси
Бадников оган „ќе гори“ и во „Борис Трајковски“
Пандев ја пречекува Рома во дербито на Серија А
Челзи го претстави голгетерот од Њукасл
Ефремов најдобар атлетичар за 2012
Швеѓанката Еклунд за малку ќе си го пресекла вратот со скија
Полицијата ги идентификува расистите кои го навредувале Боатенг
Никси без милост кон „мамузите“
Пато се враќа во Бразил, ќе игра за Коринтијанс
Хасани на трансфер-листа во Волфсбург
Клиперси тргнаа во погрешен правец!
„Сеча“ на носители во второто коло во Доха
„Фенерџијата“ подобар од европскиот првак
Ракометарите комплетни во Ниш

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Никогаш не дозволив славата да ми удри в глава
„Дедо ми Иван секогаш ни велеше на нас, внуките: Имајте голема душа и отворено срце за сите. Тоа сум јас“, вели Катарина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |