06.01.2013, 13:48 Депардје го доби рускиот пасош
Француската јавност остро реагираше на најавата на Депардје дека ќе си замине од Франција за да го избегне плаќањето на високиот данок за богати
Францускиот актер Жерар Депардје се сретна со рускиот претседател Владимир Путин и го доби рускиот пасош.
- Имаа вчера краток состанок во резиденцијата на Путин во Сочи, истакна портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој потврди дека Депардје го добил пасошот, но не прецизирал дали документот му е врачен за време на состанокот.
Путин во четвртокот му одобри на Депардје руско државјанство, кое познатиот француски глумец го побара кон крајот на минатиот месец во знак на прот��ст поради нападите на кои бил изложен во јавноста поради данокот за богатите.
Француската јавност остро реагираше на најавата на Депардје дека ќе си замине од Франција за да го избегне плаќањето на високиот данок за богати - 75 отсто за годишни приходи над милион евра, воведен од Владата на претседателот Франсоа Оланд.
И додека во Франција го критикуваат неговиот потег и славната глумица Брижит Бардо се закани дека ќе побара руско државјанство доколку француските власти не го спречат планираното успивање на два болни слона. |