07.01.2013, 16:59 СДСМ ги дефинира условите за учество на изборите
На денешната вонредна седница на Централниот одбор, социјалдемократите ќе ja разгледаат актуелната политичка состојба и ќе донесат крупни одлуки за идното политичко дејствување
Наум Котевски
Можно ли е ден по Божик најголемата опозициска партија СДСМ од своето седиште на Бихаќска да испрати сигнал на надеж за отплеткување на политичкиот јазол во кој се заплетка државата по „црниот понеделник“ во Собранието? Заморената јавност со нетрпение ја очекува денешната вонредна седница на Централниот одбор, на која социјалдемократите треба да ги разгледаат сите аспекти на актуелната политичка состојба и, како што најавија, да донесат крупни одлуки за идното политичко дејствување на опозицијата.
На седницата, освен членовите на Централниот одбор, ќе бидат присутни и претседателите на сите општински организации на СДСМ низ Македонија, заедно со пратениците, градоначалниците и досега утврдените кандидати за градоначалници.
Официјално од СДСМ не откриваат каков епилог може да очекува јавноста од вонредната седница, но неофицијално се дознава дека минимални се шансите да се донесе одлука за бојкот на изборите. Од извори од партијата се дознава дека по продлабочување на политичката криза и ставот на Брисел дека не го поддржува вонинституционалното дејствување, социјалдемократите ќе ретерираат од радикалната позиција за бојкот на изборите.
Но, тоа не значи, велат изворите, дека ќе се согласиме на политичка пресметка со актуелните изборни правила на игра. Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, уште пред три недели по седницата на Централниот одбор, на која од партијата беа исклучени некогашните високи функционери Владо Бучковски и Димитар Бузлевски, изјави дека социјалдемократите сакаат јасно да порачаат дека овој пат нема да помине политиката на власта за одолжување, а потоа ставање пред свршен чин, како пред парламентарните избори во 2011 година.
Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев, пак, на отворениот граѓански парламент на плоштадот во Струмица во петокот рече дека опозицијата сака избори, но такви во кои партиските гласови нема да бидат купени. Заев, меѓу другото, најави дека СДСМ денеска ќе излезе со разумни услови, но побара и разум од владејачката гарнитура за да се надмине кризата.
Извори од СДСМ велат дека опозицијата во никој случај нема да отстапи од барањето за неопходните измени во Изборниот законик според препораките на ОБСЕ и на ОДИХР, како и од барањето за засилен мониторинг. Во игра, наводно, и покрај тоа што во партијата се свесни дека однапред е осуден на неуспех, ќе остане и предлогот за формирање друг формат на Влада, без разлика како таа би се нарекла, „техничка“, „експертска“, во која СДСМ воопшто не е заинтересиран да учествува, а чиј единствен мандат би бил организирање фер, слободни и демократски избори.
И покрај тоа што портпаролот на Европската комисија, Себастијан Брабант, ги повика лидерите на сите политички партии и нивните поддржувачи да им стават крај на овие конфронтации и да се однесуваат во согласност со Уставот и законите, како и да дејствуваат низ расправа во Собранието, што предизвика разочараност кај опозицијата, сепак, СДСМ се надева дека на крајот меѓународниот кредибилен фактор ќе застане зад денешните предлози.
И коалициските партнери на социјалдемократите, кои не се толку жестоки во реториката, со нетрпение ќе ја чекаат одлуката од „Бихаќска“.
„Верувам дека може да се најде решение. Оној што не верува во разговор не треба ни да се занимава со оваа професија“, вели висок функционер на партија-членка на „Сојузот за иднината“. |
Статијата е прочитана 3006 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
eks-sdsmovec, 08.01.2013 00:16:56 | a dali ke predlozat nekoja programa,makar kako i porano so lagi. |
| Nata, 08.01.2013 01:32:12 | Fala bogu sto si eks sdsmovec, sespasile od tebe. |
| ФЕЛИКС, 08.01.2013 07:58:39 | Откако се добија ,,зад ушки,,од Брисел јавно а верувам потајно и од ,,големиот брат,, историјата се преповтори.Ова е уште еден еклантен пример да ,,кој разбрал ништо од историјата осуден е да му се преповтори,,. Изрека е моја омилена ем страотно прецизна. Од тие причини кротко и покорно Рекорд ќе се замени со Собранието и таму демократски и без демолирање нека си го презентираат опозиционерството.Денеска треба да се формулира одговор на прашањето,,што мислеше,што мислеше кога нешто се почнуваше а не може да се истера до крај ,, Инаку знаат да гласачкиот список е прочистен според изјавите на одговорниот за прочистување Б.Ибраими и објаснувањата на председателот на ДИК инаку од нивни редови.Инаку имам предлог до Шатевци да одат во седиштата на ОБССЕ и ОДИХР и да се распрашаат дали се задоволни од решавањето на посочените нивни барања.Па така наоружани со знаење нека објаснат на јавноста што се бара од власта или веќе не се бара поради исполнетоста на бараното. |
| devicanecot, 08.01.2013 08:38:19 | Диктираат услови како да се власт, а немаат ни програма, ниту пак нешто слично планираат да имаат. Те Влада во сенка, те работно лето, те тропање на секоја врата....и ништо од сето тоа. Само кажување на глупости од нивна страна во парламентот, исклучување на микрофони и телефони, фрлање на бележници и материјали за седниците по подот, покривање на камерите во собранието, да не ги гледаме нивните каки.
Макрадули јаниц,беше во улога на техничар по телефонија и микрофонија. |
| Mark, 08.01.2013 10:53:03 | Znaci ke bide ona sto go pretpostavuvav - Big Daddy ke go prisili SDSM da igra po Grujovite noti, verojatno so lesno tupkanje po ramoto za *konstruktivnost i sens za situacijata* a potoa - pa isto toa sto kazav - ke imame SDSM-Majtapdziska, ili taka nekako.. |
| Che Gi Varam, 08.01.2013 11:06:29 | 1,Влада во сенка
2,Шеќеринска премиер
3,Исполнување на основни услови за фер и демократски избори,така да не може ниту еден глас да се украде, а тоа се:
-ригорозни казни за прекршителите на Изборниот Законик скроен по ОБСЕ( од 5 - 15год.)
-исфрлање на администрација со партиски книшки од избирачки одбори
-да се побара од меѓународ.заедница целосна покриеност на сите избирачки места во текот на целиот ден
-избирачки список, 100% прочистен
Може ли бе јадна Македонијо, еднаш да имаме регуларни избори
Ако не бива, се знае масовни демонстрации, оти ова лудило мора да престане |
| Ljupka, 08.01.2013 11:53:29 | Ajdeeee, pak ke reteriraat. Pa se ispokarav so pola familija za praznicive deka toa e pravilnata odluka na opozicijata, bidejki ovaa vlast nemoze da organizira fer i demokratsi izbori. I vidi sega.
Znaci Gordan toa sto go kaza deka ke se bojkotiraat izborite, ne vazi? Pa potpretsedatel e.
Aman vise. Dogovorete se, pa izleguvajte na presovi. Vaka ne stavate vo nezgodni situacii i pred familiite i pred prijatelite. |
| m.m, 08.01.2013 14:45:34 | Arogancija,samobendisanost na luge koi se prisutni na ovaa scena ,pa samo tie sto go rabotat e tocno ?Kakvi spisoci kakvi uslovi .tazno .tazno,sega sme 21 vek i navistina treba da pomine edna generacija ,da se smeni nesto .Magijata na vladeenje ne gi napusta ni ednite ni drugite ,mogu godini treba da pominat da bide poinaku . |
| Миле - Охрид, 08.01.2013 14:50:22 | Најмудра одлука ќе им биде да го напуштат опозицискиот простор кој го имаат узурпирано. Време е да му отстапат простор на конструктивна опозиција која нема да руши, туку ќе гради. На опозиција од која нема да се плашиме дека ќе скине уште некоја „зелена“ ако дојде на власт. Време е да одморат и видат како може да се дојде на власт без да се дестабилизира државата, без да се работи во интерес на непријателите на македонскиот народ и да се загрозува нејзиниот опстанок. Време да си одат за да га заменат оние кои се способни да ја сменат оваа власт. Веќе никој не им верува. Во морето на лаги, невистини, клевети и навреди не се препознава по некоја вистина и добра идеја. Зато се што доаѓа од нив се отфрла. Штета што дојдоа на ова дереџе. |
| Iskuliran, 08.01.2013 15:14:41 | Citam komentari i nemozam da poveruvam sto citam,se karale so familija i prijateli,zamisli za sto,za partija,strasno... |
| zoki poki do FELIKS, 08.01.2013 16:24:54 | Feliks, koj i da si .... Za takvi kvazi intelektualci kako tebe, Makedonija e edinstvenoto mesto za prosperitet ... no edinstveno pod zakrila na partijaska, portokalova i prerodbenicka vlast. Idi legni si. |
| Трпе, 08.01.2013 16:35:15 | Избори мора да има.Локалната управа претставуват влади во мало.Опозицијата не треба да го разочара народот кој е спремен актуелната расипничка власт да ја казни.Власта неможе толку многу да уценува и лажира, колку што има народ кој сака да каже НЕ на диктатурата на на актуелните криминалци и лажни патриоти. |
| Vančo od Kočani, 08.01.2013 17:19:22 | Može i treba da se kritikova i opozivcijata,no ona što e nedvojbeno e faktot deka nikogaš ne može da se zaboravi toa što nikade nee zabeležano vo parlamentarnata demokratija so specijalna policija da se isfrlat pratenicite i novinarite od parlamentot. So toj akt ne samo što nikoj ne smee da se fali tuku sekoj treba da srami. Nema izlez od krizata ako za toj sramen akt vlasta nema hrabost javno da ja prezeme odgovornosta. |
| Mirko, 08.01.2013 17:40:25 | Feliks - Mozno e da e dojdena direktiva od Brisel za da ucestvuva opozicija vo parlamentot, a se za da se socuva demokratija. Da te prasam? Od kade dobivaat direktiva pratenici od vlasta? Od Brisel, ili od eden edinstven i nepogresiv vladatel? Vo parlmentot, dali se slucilo nekogas da od pozicija bide nekoj koji ke glasa kontra od ostanatite? Zar e mozno toa, vo edna demokratska zemja? Nemoj sega da kazes, kako bese vo vreme na Branko. Branko za toa izgubi vlasta. Se prasas li sto donesovte vie? Pogolema demokratija? Da ne se lazeme - ista meta, ista dalecina. Golema steta, sto ne postoi i treta opcija, za zal. |
| do Varam, 08.01.2013 18:30:53 | Za da ne bojkotira,mozebi uslovot sto ke go postavi SDS e VMRO-DPMNE da ne ucestvuva na izbori.Samo taka SDS moze da pobedi.Znaes li zosto Makraduli placese koga bese promoviran za kandidat za gradonacalnik?Zatoa sto mu bese nalozeno da prifati da bide zrtven jarec za da izgubi od Koce.Ako bojkotira SDS,Makraduli ke bide edinstveniot srekjen vo SDS. |
| viki, 08.01.2013 23:57:20 | ALO FELIKS - Ako Branko dobil zauski od Brisel. koj togas go poucuva vozdot da donesuva odluki koi ne se bas po merak na obicniot narod. I za kakva demokratija ti ovde zboruvas??? Ako policija te demne na sekoj cekor, ako nejzinite sireni non-stop svirat, dali toa znaci deka zivees vo kriminogena drzava ili vo demokratska?!
P.S. Duri i znaes deka izbirackiot spisok e procisten! Da ne ti e slucajno Latas najdobar dousnik? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Претежно облачно
|
Недела
Претежно облачно
Макс: 3°C, Мин: -2°C
|
Понеделник
Претежно облачно
Макс: 8°C, Мин: 2°C
|
|
|
|
|
|