11.01.2013, 16:06 Ѓоковиќ ги избегна фаворитите на Австралија опен
Бранителот на титулата на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ, го посака ждрепката за новото издание на гренслемот што стартува денеска во Мелбурн. Србинот ги избегна главните кандидати за титулата Роже Федерер и Енди Мари, кои се најдоа во спротивниот дел од костурот и пред финалето нема да може да се сретнат со Ѓоковиќ.
Србинот кој има три трофеи од Мелбурн на стартот за противник го доби Французинот Пол Анти Матје, Федерер одигра против сонардоникот Матје Бењоа, а Мари против Робин Хасе.
Во женска конкуренција бранителката на трофејот Викторија Азаренка на отворањето ќе се сретне против незгодната Романка Моника Никулеску.
|