06.01.2013, 15:09 Кирил Георгиев победник на Божикниот турнир
Некогашниот репрезентативец на Македонија единствен освои 7,5 поени од деветте партии со темпо на игра од 15 минути по шахист плус по пет секунди за секој повлечен потег
Велемајсторот Кирил Георгиев (рејтинг 2643) од Бугарија триумфира на Божикниот викенд-турнир „Карпош 2013“ по забрзано темпо и со награден фонд од 100.000 денари. Некогашниот репрезентативец на Македонија единствен освои 7,5 поени од деветте партии со темпо на игра од 15 минути по шахист плус по пет секунди за секој повлечен потег. За првото место му припаднаа 21.000 денари.
Втор заврши ВМ Горан Тодоровиќ (2488) од Србија, а трет неговиот сонародни�� и ФИДЕ-мајстор Борољуб Златановиќ (2412), обајцата со по седум поени. Најдобар домашен натпреварувач меѓу 108 учесници, меѓу кои осум велемајстори, е ВМ Владимир Георгиев (2547) на четвртото место. Тој ја предводеше групата од десетмина шахисти со по 6,5 поени.
Најдобар јуниор е Тони Лазов (1983), најдобра шахистка ЖИМ Стефи Бедникова (2081) од Бугарија, а најдобар ветеран Љупчо Костовски, сите со по 5,5 поени. Никола Николовски (1968) со пет поени беше најуспешен шахист со рејтинг помал од 2100.
Конечна табела: К. Георгиев 7,5 поени, Тодоровиќ и Злтанаовиќ со по 7, В. Георгиев, Недев, Органџиев, Јаќимовиќ, Стојановски, Новоселски, В. Куков, Станојоски, Богдановски и Т. Куков со по 6,5 итн. (Р.Д.)
|