08.01.2013, 14:05 Вашингтон ја шокираше Оклахома
Дебитантот Бил Бредли на 0,3 секунди до крајот погоди за голем триумф на Визардси (101:99) над Тандерс
Екипата на Вашингтон конечно успеа да ја прекине црната серија од пет порази во низа и тоа ни повеќе ни помалку на сметка на лидерот на Запдната конференција Оклахома. Тимот со најлошиот скор во досегашниот дел од НБА лигата ги совлада Тандерси со минамални 101:99 и најважно најде решение за Дурант, Ибака и Вестбрук. Јунакот на Визардси е дебитантот Бил Бредли, на 0,3 секунди до крајот погоди за голема победа на својот тим.
Причината за поразот на Оклахома „лежи“ и во слабиот придонес на играчите од клупата, што пак не беше случај кај домашниот состав. Кошаркарите на Вашингтон одиграа над просекот, Мартел Вебстер и Б��л Бредли со 22 поени бе најефикасни во победничкиот табор. И покрај 29 поени на Дурант и 26 поени на Серж Ибака Оклахома не успеа да го избегне големиот срам.
А за да кошаркарите на Оклахома не бидат едниствените кои што дома се вратија со „црвено обрзи“ се погрижи Сан Антонио. Спарси се понижени од претпоследно пласираниот тим на „Западот“ Њу Орлеанс (95:88). Домаќините доминираа во текот на целиот меч, а кобен за гостите беше Ерик Гордон со 24 поени. Добро го пратеше центарот Ентони Дејвис со 17 поени и девет скока. Сан Антонио во своите редови немаше расположени играчи, единствена светла токчка беше Ману Џинобили со 21 поен.
„Игравме против добра екипа. Њу Орлеанс заврши добра работа и тоа на двете страни на паркетот, едноставно не ’сомелеа’“, изјави по мечот стратегот на Спарси Грег Попович.
Тимот на Бостон му го нанесе четвртиот домашен пораз на Њујорк (102:96). Покрај триумфот на Селтикси мечот го добележа и вербалниот дуел помеѓу Кевин Гарнет и Кармело Ентони, за малку недостасуваше двајцата кошаркари и физички да се пресметаат. За своето однесување добија технички грешки.
„Во една ваква борба ваквите работи се нормални. Ентони сакаше на своите момци да им донесе победа, а јас пак на моите, поточно тоа се Никси и Селтикси. Во ваквите моменти секога попуштаат нервите, сето ова е нормално во НБА лигата“, изјави по мечот Кевин Гарнет кој средбата ја заврши со 19 поени и десет скока. Прво име кај Бостон беше Пол Пирс со 23 поени и шест асистенции.
Кај Њујорк Кармело Ентони средбата ја заврши со 20 поени, но со слаба реализација од поле (6/26). Мело салата ја напушти доста нервозен без да даде свој коментар за случувањата.
Резултати: Вашингтон - Оклахома 101:99, Њујорк - Бостон 96:102, Чикаго - Кливленд 118:92, Њу Орлеанс - Сан Антонио 95:88, Јута - Далас 100:94, Портланд - Орландо 125:119 (прд.), Сакраменто - Мемфис 81:113.
|